se_bacuvaat_zelenoКорисни факти за сексот!
Се сметате ли себе за експерт кога станува збор за сексот?
se_baknuvaat_vo_toaletСтанете другата жена за која фантазира
Овозможете му секс со друга жена, но сепак варањето нека биде со вас.
udar1Летото - руски рулет за љубовта!
Долгогодишните врски стојат на стаклен под пред ударот на летните авантури?
42-18490667Дали сте нимфоманка?
Препознајте ги кај себе знаците на зависност од сексот...

Забранет пристап на каењето!

kaetaa2

Што ако постојано кажувате „не“? Тогаш кажувате не на љубовта, не на професионалните успеси и не на забавата.

Направивте чекор за кој сега се каете... Се на што можете да се фокусирате е желбата за некоја иновација која ќе може да го врати времето наназад и деноноќно сонувате за временска машина, па дури и за еднократна употреба.

Со отворени очи, пресушени од солзи, посакувате денес да е вчера, а во себе го проколнувате мигот кога ја донесовте таа одлука, која сега ви е најголемата рана на срцето.

Ако и вие се наоѓате во ваква ситуација време е да го исправите грбот, како што само вие знаете, да ги избришете солзите и да се справите и со оваа животна неволја!

Чекор 1: Прифатете дека е потребно да ризикувате за да бидете среќна!

Прво помислете, ако го сторивте тоа значи дека во тој миг навистина го посакувавте. Знаете како се вели: Еден ден нема да се каете за работите кои сте ги сториле, туку само за пропуштените прилики.

Зошто тогаш да бидете жена со пропуштени животни шанси и редица прашалници во своето животно досие?

Бидете жена која била доволно храбра да донесе одлука, да го стори тоа што го сака, да застане исправена пред животот и да граби од него со некој нареден чекор. За најголемите задоволства и за најголемите успеси речиси секогаш е потребно да се ризикува.


NotForMen препорака: Затоа што утре не ми е ветено!

 

Чекор 2: Прифатете го возењето, почувствувајте го адреналинот!

Животот е ролеркостер, од кој не знаете дали после симнувањето ќе можете да стоите на нозе, дали ќе ви биде лошо и ќе имате мачнини, ќе ви се јави првото бело влакно од стравот или ќе ве исполни адреналинот, од кој подоцна ќе станете зависна до крајот на вашиот живот.

Да, сите претходно наведени ризици се вредни ако наспроти нив постои шансата да откриете нов адреналин, ново чувство на необјаснива среќа без која од тој миг, па натаму не можете да си го замислите денот.

Затоа ако денес ви се тресат нозете од ролеркостерот, не кајте се зошто се качивте, вчера го сакавте тоа, вчера копнеевте по тоа, а можеби за само ден или два вашето мислење ќе се промени и ова ќе биде една од вашите најдрагоцени животни лекции.

Чекор 3: Токму тоа – чекорете!

Секој чекор во животот е подобар отколку тапкањето во место. Вегетирањето оставете го на билките, а вие бидете човек во секоја смисла на животот, па така и грабајте и грешете, но не кајте се.

Што ако постојано кажувате „не“? Тогаш кажувате не на љубовта, не на професионалните успеси и не на забавата.

На крајот на краиштата дури и да сте погрешиле., научете да простувате. Простете си што вчера сте биле луди и млади или брзоплети или заведени или излажани. Простете си што повредивте, што прекоривте, што погрешно проценивте.

Земете си го товарот на вашите плеќи, затоа што токму тој, товарот од животните искуства, учествува во изградбата на вашата личност. Токму сите одлуки и избрани патишта ќе ве направат поразлична од Марија, Елена и Викторија, токму затоа ќе бидете една и единствена, несовршена и најдобра!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?