drvo2Нека ве обвинат за лудост!
Понекогаш свесно пречекорете ја црвената граница која ви ја поставија.
svetla_copyОд светлата страна на денот...
Знаете како велат за песимистите чашата е половина празна,  а за оптимистите е половина полна.
lize_lizavce_srceИмајте секси Св. Валентин
Што ви е потребно за да имате секси Ден на вљубените?
taziceПрирачник за после раскинување
Се откажавте од мажите до 2013-та? Кажете им го тоа на пријателките, тие ќе ви помогнат.

Една корист и од настинката: Ништо не е поважно од вас!

depresijata3

Вчера се нервиравте бидејќи вашата коса ви пројави црвен сјај од кафената фарба, а денес се што сакате е да си замине таа иритирачка болка од вашата глава.

И само кога малку ќе започнете да шмркате со носот, грлото да ви се затега при секое ново подголтнување и за само една ноќ ви се одмилува омилениот вкус на крембананите, швепсот и шпагетите, тогаш сфаќате дека ништо на светот не е поважно од вашето здравје.

Вчера се нервиравте бидејќи не си ја погодивте вистинската нијанса на црвен кармин или вашата коса ви пројави црвен сјај од кафената фарба, а денес се што сакате е да си замине таа иритирачка болка од вашата глава и да се намали температурата која ви го зоврива мозокот.

Банални проблеми

Ништо друго повеќе не е важно, ниту кавгата со мајка ви, ниту вознемирувачката реченица на Miranda од Sex and the city: „Можеби не постои некој за секого“, без разлика што речиси цела година сте без момче, ниту неудобното столче на работното место... Токму во тој миг кога најстрашните животни проблеми ви се претворија во пепел и на ум имавте само една мисла, да оздравите, сфаќате дека вашиот живот толку многу си го загорчувате со непотребни банални работи и дека од мравка навистина правите слон.

 

NotForMen препорака: Моќта е во самоконтролата

 

Организирајте си ги деновите!

Ако не на периодот со настинката, сетете се на периодот кога седевте дома без обврски, колку само разговори и мисли имавте посветено на „проблемите“ со мажите и направете споредба со оној ден кога бевте на работа до 16 часот, па заминавте на ручек во „Етно село“ во Куманово, а вечерта го прославувате роденденот на вашата најблиска пријателка.

Обврските не ви даваат ниту време, ниту простор за бесцелно да си го мачите умот со „што би било кога би било“, „ех колку би сакала“, „зошто така кога можеше вака“ и редица други себедеструктивни мисли. Поставете му забранет пристап на каењето!

Делувајте!

Ниту времето може да се врати, ниту да ја предизвикате иднината, ниту да го освоите него преку мисли!

Се што сакате да постигнете и достигнете направете го низ призмата на делувањето, па така кога ви се пие чаша вода, станете и земете ја, а не пробувајте со телепатија да ја повикате мајка ви од другата соба да се појави баш во тој миг.

Чувајте се!

И да се вратиме сега дека ништо не е толку важно како вие и вашето здравје.

Не чекајте повторно да настинете за да се сетите на ова, па така секој ден бидете благодарни за подареното здравје, негувајте го не само со витамини и топла облека, туку и со тоа што ќе престанете да си предизвикувате стрес мачејќи го умот со работи кои не зависат од вас или со константно навраќање на болни спомени од минатото или едноставно со преголемо драматизирање ако ви се скрши нокотот или ви се скинат хулахопките. Време е за релаксирани, среќни денови!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?