
На секој еден маж кој ќе се појави во вашиот видокруг му наоѓате маана и веднаш од листата на потенцијални го префрлате на листата на непожелни.
Раскинавте со момчето, а после вкусот на бајадерата се ви е помалку слатко, па така ничии усни не ви се доволно привлечни за да загризате, а не пак да грицкате по малку секој ден. Тој беше далеку од совршен, токму затоа и повеќе не сте заедно, но сепак во вашите очи под дејство на емоциите, кои преку ноќ не избледуваат, се уште е најубавото парче, кое ќе се појави во било кој локал.
Едниот е премногу низок, другиот лошо облечен, третиот нападно се смее и така во недогледна низа, на секој еден маж кој ќе се појави во вашиот видокруг му наоѓате маана и веднаш од листата на потенцијални го префрлате на листата на непожелни.
Помина првиот месец после раскинувањето, но ова чувство никако да го истерате од умот и од срцето, што да направите?
Уживајте во себе си!
Не во секој миг од животот, по секоја цена е потребно да имате маж покрај вас, па така направете мала пауза.
Уживајте во сама себе, отидете на шопинг, купете ги највисоките чевли и направете ја фризурата која одамна ја посакувавте, но нему не му се допаѓаше.
Велат цело е кога има се, а овој пат вие бидете вашето само се. Вие сте причина и последица, односно вашата среќа нека биде причина и последица на секоја ваша постапка.
Посветете се на кариерата, работете напорно, направете име кое ќе симболизира преданост и посветеност на работата. Најдете задоволство во тоа кога на крајот од работниот ден успешно ќе ги извршите работните обврски и со насмевка ќе ја напуштите канцеларијата.
Посветете се на луда забава со пријателките!
Што за вас подразбира луда забава, тоа и сторете го! Авантуристичко патување и неколкудневен престој во викендицата на вашата пријателка, фаќање на првиот воз и правец Банско или Белград, шопинг во Солун, диско до 5 часот изутрина, меана до затворање или било што од огромниот репертоар на активности со пријателките кои може да ви падне на ум.
Нивното друштво секогаш е гаранција за добро поминати мигови, а забавата е правило број 1 на пријателството, па така и не ви треба многу размислување зошто ниту еден маж не ви го привлекол вниманието после раскинувањето со момчето. Па девојки се во свое време, зарем не?
NotForMen препорака: Родена под ѕвездата на колебливоста
Дозволете си старо-нова авантура!
И ако сепак сте од оние жени „фанатици“ по мажи и вечерта без некој таков во близина ви е осудена на досада и монотонија, погледнете наоколу и ако се уште не сте се излечиле од синдромот дека нема ниту еден привлечен маж, отворете го запрашениот нотес со телефонски броеви или по ново прочепкајте низ менито на мобилниот телефон и свртете го бројот на некое од поранешните момчиња. Нормално, не говориме за ова последното!
Некои ќе ја осудат постапката, како нелогична, но верувајте тој круг од минатото кој ви е целосно затворен нема да ви предизвика нова болка бидејќи веќе се ви е расчистено во главата, а од друга страна ќе имате забавна тема за размислување. Испијте кафе, поразговарајте со него и оттргнете ги мислите од тазе раскината врска преку еден забавен состанок.
Некогаш овој „маж од нафталин“ бил вашиот совршен, сигурно и сега ќе има барем мало шармче кога ќе го видите повторно и тој нема да ви биде одбивен како и сите други момци низ градов.
Забавувајте се со оваа слатка авантура, но нека не трае предолго, за да добие некој друг облик, бидејќи минатото е сепак минато и таму нека остане.
После ова излезете повторно во град и кога најмалку очекувате ќе сфатите како му се смешкате на тој згоден тип со кој се разминувате идејќи на работа секое утро.
.gif)






















.gif)
























