
Летото беше во полн ек, вашиот годишен одмор и промилите алкохол во крвта, сето на куп направи да подзаборавите да се цените себе си.
Херодот во своите списи говори за фонтаната на младоста и магичната напивка од неа која ја враќа младоста, во тоа веруваа и американските староседелци на Карибите и Понсе де Леон отпатува до денешна Флорида во 1513 година за да ја пронајде, но овде и сега немаме ниту траг од неа, затоа е важно да започнете да живеете веднаш затоа што за една година веќе ќе имате промената втора цифра од бројот на годините.
Па ако не сте среќна денес, одложувате да бидете среќна утре, животот ќе ви се слизне низ прсти и еден ден ќе се разбудите како огорчена старица која цел живот дозволуваше другите да ја газат, никогаш за ништо не се радуваше и иако цел живот го имаше пред себе никогаш не научи да се цени.
Време е да на вашиот живот да му дадете поинаков тек:
Ценете се себе си!
Летото беше во полн ек, еуфоричната атмосфера која ја носи само по себе беше тука, вашиот годишен одмор и промилите алкохол во крвта, сето на куп направи да подзаборавите да се цените себе си. Како?
Па го бакнавте првиот дечко кој ви се доближи таа ноќ со одамна избледен пристап на додворување, дозволивте неговите раце да шетаат по вашето тело, иако се уште не бевте сигурни како е неговото име, а на најблиската плажа со заматен ум му подаривте орално задоволство.
Каде замина вашето достоинство? Се спуштивте на нивото на најпознатите градски „домаќинки“ и станавте предмет на туѓите животински нагони. Ако идејата ви беше на овој начин да го освоите, треба да знаете во старт дека цела ваша акција е пропадната инвестиција, а се што ќе ви остане од оваа авантура е горчливиот вкус во устата и по некоја градска приказна за вас.
Време е да започнете да се цените и да престанете да клекнувате на колена пред било кој! Ова сфатете го и буквално, но и метафорички. Не секој смее да има влијание да ви го замати умот и да ве погази.
Задржете го достоинството и бидете дама која се цени сама себе, а следен пат кога ќе „клекнете“ пред некој, бидете сигурна дека и тој ве цени вас!
Радувајте се на малите нешта!
Добивте прекрасен паричник за подарок, си направивте надградба на ноктите, бојата за коса ви испадна и подобро од очекуваното, постојано ви се смешка слаткото момче од автобусот, но вие никако да се израдувате на нешто.
Па што е потребно за да се измами насмевка од вашето лице? Дали очекувате дека небото и земјата ќе се спојат во ваше име еден ден, па тогаш ќе бидете среќна?
Престанете да очекувате премногу од животот и да барате премногу од луѓе! Престанете да бидете девојката Мртво море, па дозволете си да се натажите кога ќе чуете дека Demi Moore пополнува документи за развод од Ashton Kutcher или израдувајте се отворено и искрено што ви се јави поранешното момче, можеби не од причина што се уште го сакате, но од причина што сте неговата ахилова пета и имате доказ дека сте вредна за љубов.
NotForMen препорака: Затоа што утре не ми е ветено!
Никому не сте ветена!
Ви го заборави роденденот, никогаш не запамети кој ви е омилен пијалак, ниту заплака кога му споменавте раскинување, а вие и понатаму барате причина да останете со него.
Или го направивте првиот чекор, јасно му дадовте до знаење дека ви се допаѓа, а сега секој ден наоѓате нов изговор да се утешите зошто не ви се јавува. Болен е, нема кредит, се срами...
Прифатете го фактот дека можеби не му се допаѓате, па не можат во животот сите да ве сакаат, без разлика колку лошо ви звучи, и продолжете понатаму.
Не сте му нему ветена за да може како сака да си поигрува со вас и вашето време... Не сте ветена ниту на тој првиот, без разлика што прифативте врска и обврски. Ако некој не ве прави среќна и се што ја одржува врската се вашите напори и очајнички потези на најпотчинета жена на светот во име на љубовта време е да ја прекинете таа врска.
Таму некаде, постои некој кој е создаден за да ве сака!
.gif)






















.gif)
























