vow0Се заветувам на љубов!
Љубов која не знае за препреки и не познава правила, моќна, чиста, искрена со која мигот вреди живот.
drama2Учам да бројам до 10
Со скокањето од еден на друг проблем само ќе навлезете во лавиринт на расправии.
woman_use_computerЕмоционално неверство
Дали невините разговори на чет може да стават крај на долгогодишната врска?
kika5Правила кои треба да ги игнорирате!
Универзалните вистини не мора секогаш да се покажат вистинити на ваша кожа...

Од Аладинова ламба до државна петка!

aladin2

Аладиновата ламба е она што ви е потребно, па да затриете со рака, а оттаму духот да ви ја исполни и најлудата фантазија која ќе ви падне на ум.

И ако помисливте дека навистина Аладиновата ламба е она што ви е потребно, па да затриете со рака, а оттаму духот да ви ја исполни и најлудата фантазија која ќе ви падне на ум и за миг се најдовте во облаците на летечкиот килим, а домашното милениче тигарот ве дружеше на небесните патувања време е да ги протриете очите!

Аладинова ламба немате, тоа е вашата столна ламба за читање, затријте ја, но од прашината, авантуристичката книга оставете ја на масичката и дадете и храна на вашата мачка.

Ве убива монотонија?

И наеднаш реалноста е толку бледа и досадна во споредба со фантазијата. Деновите започнуваат на истиот начин, со иритирачкиот аларм во 7 часот наутро, со студот под коски, со турканицата во државна петка, со истата канцеларија, со истиот вкус на кафето и истиот вкус на животот.

Образец на живеење со денови како близнаци – петорка, така недела го испраќа понеделник, а сабота го дочекува петок.

Секој ден ист, со 8 часа во фотелјата, со блага приквечерина која чека пред влезот, па уште една тура со преполната петка, па сообраќајно лудило на раскрсницата кај Зелен пазар, па уште една доза студ под коските, па ручек и дојде вашето слободно време од денот, а вие и измрзнати и изморени со очи заљубени го меркате креветот.

Време е за акција!

Еве сега е времето кога треба да бидете сами својот дух, па после час, два одмор да се извлечете повторно надвор на студот, па да се забавувате со пријателките, да уживате во вкусот на каранфилчето од греаното вино, па и да побарате некој Аладин.

 

NotForMen препорака: Среќата на убавицата и ѕверот

 

Сопотско ви нуди сирење во фурна, Кригла пилешки прсти, а Тренд палачинки со нутела, градот полека, но сигурно започнува да ви нуди новогодишна атмосфера иако точните координати на новогодишната елка се уште не се одредени.

Не престарувајте со духот, не и дозволувајте на работата да биде прва, последна и единствена во вашиот ден. Таа е само алатка за вечерва да уживате во новото црвено капутче, во вкусот на палачинките и во резервацијата за зимување во Банско.

Не се предавајте во прегратката на монотонијата и излезете вечерва затоа што градот сепак има што да ви понуди, па дури и да е преполна петката, во неа веќе нема провев од сите страни и не ви е потребна Аладинова ламба за да се згреете.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?