
Сигурно и вие имате некоја ваква познаничка која ги полева вашите маани, а ги гази вашите доблести се со цел на некој начин да ве спушти доволно за да се доближи до вашето ниво.
Поранешната пријателка си го троши времето говорејќи за вас, а вашето момче знае да ве извади од такт со по некоја љубоморна сцена, па до кога вака?
Но ова не е време за нервози, ова е време за комплименти, еве зошто:
Кога таа ви љубомори...
Кога одлучила времето да го троши на говорење за вас и вашиот живот, не осудувајте ја за плиткоумноста, едноставно прифатете ја нејзината љубомора како таква, а неа како една од оние кои се убедени дека сте подобра од нив.
Ако беше над вас таа ќе се чувствуваше надмена, а вие ќе бевте толку неважна за неа што немаше ниту името да ви го спомнува, но кога своето време го троши на анализа на вашата животна приказна ситуацијата е поинаква. Не мразете ја, само сфатете го тоа како комплимент!
Сигурно и вие имате некоја ваква познаничка која ги полева вашите маани, а ги гази вашите доблести се со цел на некој начин да ве спушти доволно за да се доближи до вашето ниво или да се чувствува подобро самата со себе.
Каде се времињата кога пријателките се радуваа на нашите успеси, а плачеа на нашите падови? Каде се комплиментите и подадената рака?
Без грижа, некои вредности се уште се на пиедесталот, а до вас се уште ја имате онаа која плаче од среќа кога ќе ве унапредат на работа или онаа другата која се радува на првото запче на вашата ќеркичка.
Одметникот од оваа група оставете го таму каде што е, на дистанца од вас како потврда на сите ваши успеси. Само надевајте се дека еден ден и таа ќе биде добра колку вас бидејќи позитивните мисли ќе направат уште повеќе да засјаете.
NotForMen препорака: Носталгија по старите добри пријателства
Кога тој ви љубомори...
Ниту гласаме за болна љубомора во врската, ниту креваме бело знаеме ако се наиде на ваков партнер.
Борбата за правата на приватност и со тоа борбата за долгорочна врска мора да бидат запишани во вашиот роковник уште во првиот месец од врската.
Но ако се работи за онаа мала љубомора во границите на нормалата, тогаш тоа е вашиот најголем комплимент! Вие сте доволно убава за вашиот партнер да верува дека ноќва ќе бидете мета на 5 мажи во локалот кај што одите на коктел од работа, вие сте доволно паметна за да смета дека ќе излажете и ќе успеете да се извлечете со тоа и, на крајот најважното од се, вие сте доволно сакана за негов кошмар да биде помислата да ве изгуби.
Не казнувајте го затоа што е жив човек и знае да сака, па и вие за измината среда се прашувавте зошто се врати толку насмеан, дали диџејот во Сектор навистина беше толку добар или пак келнерките премногу дружељубиви.
Некои љубоморни сцени и коментари во животот, имале и своја позитивна страна зарем не?
.gif)






















.gif)
























