
Белата соба има вистинско зен дејство, асоцира на чистина, совршенство, рај.
Најдобра сте во љубовта и работа, но време е да бидете најдобра и во вашиот дом. Дадете му ја потребната топлина на просторот и приспособете го за убави мигови со семејството.
Еве како:
СВЕТЛИНА И БЕЛИНА
Зеленото ги одмора очите, но тоа не значи дека домот треба да го обоите во зелена боја. Соба исполнета со дневна светлина е таман како за одмор, затоа погрижете се прозорите да бидат поголеми од стандардните, а ѕидовите бледи за да ги рефлектираат сончевите зраци.
Белата соба има вистинско зен дејство, асоцира на чистина, совршенство, рај. Но, идентичната бела боја низ целиот простор ќе ви донесете студенило и збунетост, небаре сте во лудница. Белата боја варира од шампањ, крем, па се до боја на дим, одлични нијанси за да ги стоплите ѕидовите.
ИГРА НА БОИ
Темно сиво, црно и мали дози на зелено ќе ви помогнат нештата да не бидат во идентичен тон. Тоа е исто како кога се облекувате и додавате накит за малку да ја освежите комбинацијата.
ЦВЕЌИЊА И УКРАСИ
Собното цвеќе, дрвениот под, рамките на ѕидот...тоа е она што му дава душа на овој простор, а истото правило важи и за вашиот дом без разлика дали ќе одлучите да го имитирате нашиот предлог ентериер.
Во спротивно ќе добиете дневна соба што потсетува на канцеларија или приемно одделение во некој салон за разубавување.
NotForMen препорака: Чистиот дом носи здравје
УБАВИ ПРЕКРИВКИ
Гарнитурата нека биде наједноставна, еднобојна и без оној досаден цветен дезен. За да можете да ја декорирате со перници и плетени прекривки што посебно ги сакаме во овој период од годината.
Ако веќе имате гарнитура и немате план да ја менувате, инвестирајте во поскапи белузлави прекривки, доволни се да направат целосна трансформација на просторот.
Потрудете се да внесете различна текстура во просторот (мазни перници со различен дезен и волнен тепих), така ќе постигнете длабочина и живост.
РОМАНТИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Вие можеби го поседувате најскапиот мебел, но истиот нема да дојде до израз доколку осветлувањето е слабо и неквалитетно.
Внимателно позиционирајте ги прозорите и ламбите за да добиете романтични сенки и да ги истакнете најспецифичните делови во собата, она што ја прави поинаква.
.gif)






















.gif)
























