
Следниот пат кога ќе седите на трпеза со вашето семејство наместо вие да раскажувате за него од време навреме прашајте го за мислење.
Убаво си поминавте со него сами на кафе во четвртокот, но како да се снајдете сега на забавата каде тој е вашиот плус еден и таму не познава никого?
Без разлика дали сте на вечера со вашето семејство или го поведовте со себе на предновогодишната забава од работа мора да му помогнете на секој можен начин да се вклопи во ситуацијата.
Еве ги нашите совети кои ќе помогнат неговото големо влегување во вашиот социјален живот да го доживее позитивно:
Не го оставајте сам на забавата!
Не го оставајте сам на забавата на која го поканивте. Понекогаш ќе бидете возбудени што ќе видите некој, па ќе тргнете кон него да поразговарате, а вашето момче ќе остане само меѓу масата непознати луѓе.
Без разлика дали е забава од работа или собиранка со вашите пријателки ваша одговорност е да го претставите.
Не се обидувајте да го промените!
Тој можеби не е обожавател на забавите како и вие и тоа е во ред. Прифатете го и не додевајте му со прашања од типот: „зошто не играш“ или „зошто не пиеш“.
Со текот на времето мора да научите да му дозволите да биде тоа што е, а не тоа што вие сакате да биде.
NotForMen препорака: Еден поинаков состанок: На десетка без кромид!
Најдете луѓе со кои би можел да разговара!
Пронајдете луѓе кои делат слични интереси со вашето момче и започнете разговор во врска со тоа. Размислете однапред и бидете активна за да направите тој да се чувствува комфорно.
Ова е добитна ситуација, не само што ќе го намалите притисокот врз себе, но и тој ќе запознае потенцијални нови пријатели.
Не го форсирајте да оди!
Понекогаш вашиот партнер сигурно имал ужасен ден на работа, а вие упорно сте го форсирале дека не смеете да ја испуштите таа забава.
За промена наместо да чекате тој да ви каже дека не е расположен за одење на вечера, вие кажете му како чувствувате дека ќе биде посреќен ако останете дома. Ако вечерата ви е неодложна тогаш поведете некоја пријателка.
Не го присвојувајте разговорот!
Седите на пример на празничната трпеза со неговото семејство и разговорот постојано е концентриран на работи и луѓе за кои не знаете ништо. Не ви звучи многу забавно зарем не?
Затоа следниот пат кога ќе седите на трпеза со вашето семејство наместо вие да раскажувате за него од време навреме прашајте го за мислење за тој да може да се вклучи во разговорот.
Оставете ги кавгите дома!
Решете ги сите несогласувања пред да заминете на забавата за да го намалите ризикот од јавни препукувања.
Во спротивно никој нема да се забавува, ниту вие, ниту тој, ниту невините гости на забават кои ќе се најдат измеѓу.
Одржувајте го разговорот позитивен!
Не кажувајте негативни коментари и озборувања. Тоа ќе даде навистина негативен тон на забавата.
.gif)






















.gif)
























