
Мора да уживате во самиот процес до целта бидејќи поголемиот дел од животот ќе ви биде патувањето до целите.
Пронајдете ја својата животна страст, следете ја и преземете акција. Никој друг нема да го стори тоа наместо вас. Вие сте одговорни и не смеете да дозволите еден ден кога ќе го издишувате последниот здив на Земјата да гледате назад со жалење.
Живејте го животот исполнето и со страст. Се зависи од тоа дали вие ќе направите да се случи.
НЕ СМЕЕТЕ ДА ЦИМОЛИТЕ И ДА БАРАТЕ ЛАЖНИ ИЗГОВОРИ!
Престанете да барате изговори, да цимолите и да измислувате пречки. Можете да ја следите својата страст само ако одлучите да преземете акција.
Сите имаат некои пречки, сигурно и вие, но можете да успеете ако одлучите. Се се врти околу предизвиците, неуспесите и повторните обиди.
Она што ги одделува најуспешните е што продолжуваат и не се предаваат.
ПОВРАТЕТЕ ЈА СВОЈАТА МОЌ И ПРИФАТЕТЕ ЈА ОДГОВОРНОСТА!
Кога ќе престанете со цимолењето и изговорите, повратете ја моќта. Повторно ќе ја преземете одговорноста бидејќи ќе сфатите дека сте одговорни за својот успех. Без разлика колку падови и грешки имате зад себе, можете да успеете.
Денес е денот за акција, денес е денот за голови!
Не станувајте дел од толпата луѓе кои се среќни да ја предадат моќта за да можат да обвинуваат некој друг за нивните неуспеси. Тоа не смеете да бидете вие!
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ СТРАВОТ ДА ВЕ КОНТРОЛИРА!
Секој има стравови, несигурности и грижи. Но мора да продолжите да се движите напред и покрај се. Не е важно ако се плашите, никако не смеете да дозволите стравот да ве контролира.
Стравот изгледа реален, но ако продолжите со главната акција ќе сфатите дека стравот е вашиот сојузник, а не непријател.
NotForMen препорака: Победете го ставот во 6 чекори
ПРЕЗЕМАЈТЕ АКЦИЈА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР!
Не треба да сторите нешто радикално за да го креирате вашиот живот од соништата. Некои веруваат дека ви е потребен некој огромен проект за тоа, но не е така.
Вистината е дека се што е потребно за да ја следите страста е волјата да преземете акција и да се движите напред чекор по чекор. Не треба да сторите нешто посебно, треба само да бидете тоа што сте.
УЖИВАЈТЕ И ВО ПАТУВАЊЕТО ДО ЦЕЛИТЕ!
Ако постојано гледате напред за да ги постигнете вашите голови, тогаш ќе бидете несреќни за време на тоа, а процесот е непрекинат бидејќи штом ја постигнете таа цел си поставувате нова и така до недоглед.
Решението е да сторите нешто кое ќе ве направи среќни во моментот. Мора да уживате во самиот процес до целта бидејќи поголемиот дел од животот ќе ви биде патувањето до целите.
Следете ја страста, но осигурајте се дека тоа е нешто во кое уживате овде и сега.
.gif)






















.gif)
























