
Во вас измешани чувства на носталгија, желба да го видите, но и свесност дека немате потреба од вадење на трупови од орманот.
Последната врска веќе си ја слави петтата месечнина од „смртта“, а вие уште никако да му кажете добредојде на некое ново слатко момче во вашиот живот. Како што на нероден Петко му кроеле капа, така и вие имате 101 план за врската која следува.
Мета овој пат поставивте постар и помалку атрактивен дечко, за да си ги скротите несониците и да си ја зголемите дозата на романтика во секојдневието. Но прво што ви падна како трн во око, после подолго време на рамнодушност спрема спротивниот пол, е пресладок ваш врсник.
План број 1 пропаднат!
Второ си ветивте дека веќе нема да фатите момче „тоа и тоа“ во хороскоп, но ете бељата повторно ви тропа на портата, а тој се родил токму во тој месец, па астрологијата го прогласува за непогоден, а вашите нагони за неодолив.
План број 2 пропадат!
Кога првите два плана пропаднаа, за другите залудно е да се говори, па така следно е кафето со него. Два часа во смирена атмосфера со едно големо макијато и мало момче се распоредот за оваа среда.
Некое ново момче...
Тој како да ставил во трета и стиска гас до стотка за да ве импресионира, а вие никако да го оттргнете погледот од коњакот кој наместо да го стави на масата го држи во рака и бурно објаснува со него.
Кога само ќе се сетите на џипот од неговиот нов Фејсбук профил (тајмлан) и прераскажаната животната историја за мама и тато доктори сфаќате дека седите со мало момче кое се уште се фали со семејната лоза, а не бројот на скалила искачени самостојно во својот живот.
NotForMen препорака: 10 знаци дека сте премногу пребирлива
Некои стари чувства...
И потоа повторно се навраќате на минатото кога си сакавте еднаш едно момче. Во вас измешани чувства на носталгија, желба да го видите, но и свесност дека немате потреба од вадење на трупови од орманот.
Некое логично објаснување...
Не грижете се за напливот на емоции, тоа е само одговор на осаменоста! Без разлика што сте во движење 24/7 и на вам понекогаш ви е дозволено да залутате во емоционален бунар, во кој оддолу шушка минатото, а одгоре иднината.
Местото во кофата ви е удобно и се сместивте таму се додека не се најде некој нов, доволно силен да потегне нагоре. Но време е барем малку да замрдате со јажето, да дадете сигнал SOS и да фрлите поглед нагоре.
И да не го видите тоа што планиравте, гледајте долго и упорно, затоа што сите ѕвезди се на небото, а сите надежи во иднината!
.gif)






















.gif)
























