
Нему му говорите за приоритети, а вие сами на себе сте цел живот и првата и последната на својата листа.
Сакате нормален маж, врска со емоции и внимание, сакате да ве сакаат, но дали вие го давате истото за возврат? Љубов барате, но љубов не давате!
Откако се ќе ви биде послужено со најубава декорација пред вас, пробувате само малку, бргу се заситувате од вкусот и заминувате. Каде? Повторно на кафе со пријателките да се жалите колку е тежок сингл животот и да си гледате дали во шолјата има некој нормален маж во блиска иднина.
Тие, бидејќи нели се ваши пријателки, не ви кажуваат отворено дека еден таков до вчера водевте под рака, но вашите апетити се преголеми, па сиот труд на тоа добро момче беше залуден.
NotForMen препорака: Понекогаш е добро да се биде КУЧКА!
Дали воопшто знаете да љубите или само уживате говорејќи за идејата дека сте заљубени? Говорите дека го сакате, а ни сами не верувате во тоа. Гледате што се прават заљубените жени околу вас за своите партнери, а во ниту една од тие романтични, попустливи, па дури и пожртвувани акции не се пронаоѓате себе си.
Себична во љубовта!
Вие секогаш заминувате кога ќе загусти, првата сериозна кавга ја сфаќате како страшна траума врз вашето срце и расположение, а нели никој и ништо не е поважен од вас во животот? Нему му говорите за приоритети, а вие сами на себе сте цел живот и првата и последната на својата листа.
Периферијата и трошките лажна љубов не се никому доволни, па така се премалку и за момчето кое гаи огромна љубов во срцето кон вас. Повеќе од сигурно е дека ќе дојде денот кога ќе ја минете и неговата црвена граница, а тој ќе се презасити од постојаното давање без ништо за возврат.
Мажите не сакаат жени кои што се сакаат себе повеќе отколку што би можеле да сакаат било кој маж во животот!
Еве ги карактеристиките на една ваква жена кои ги наведуваат психолозите:
- Има грандиозна смисла на себе-важноста.
- Преокупирана е со фантазии за неограничен успех, моќ, брилијантност, убавина и идеална љубов.
- Бара прекумерна восхит.
- Експлоататорски е настроена и ги користи другите за да ги постигне сопствените цели и и недостига емпатија.
- Знае често да биде завидлива или верува дека другите и завидуваат на неа.
Токму овие карактеристики ја потврдуваат машката теза дека „убавата жена е најопасното суштество на планетата“.
Дури и да сметате дека сте најубавата жена каде и да се појавите време е да почнете:
Вистински да слушате што ви говори, а не само нетрпеливо да чекате да заврши.
Да престанете да говорите постојано за своите професионални успеси и тоа како наскоро ќе станете славна.
Да се однесувате културно кон луѓето кои работат во услужната дејност. Келнерката не е ваш роб за дрско да и дофрлите да ви донесе вода.
Не трудете се со детективски прашања да ја откриете неговата плата и не го бомбардирајте со прашања од типот „кој е најскапиот подарок кој си го купил досега?“.
Ако тој доцни, не е време за 3-та Светска војна.
Ако заборави да ви се јави не е време за изјави од типот „заборави ме засекогаш“.
Ако нешто лошо ви се случи заборавете на обвинувачкото „ова е поради тебе“.
.gif)






















.gif)
























