
Закажете си време од денот во кое ќе ви биде дозволено да полудите малку и на тоа гледајте како на позитивен начин за да ја преземете контролата врз ситуацијата.
Нашите омилени девојки Jennifer Lopez и Katy Perry минуваат низ кризен период после разделбата со нивните партнери. Едната се теши во прегратките на многу помладо момче, а другата на црвениот тепих на најактуелните доделувања на награди.
Токму тие ни беa инспирација да ги разгледаме советите на терапевтот за врски Rachel A. Sussman, кој ви порачува кои 8 работи да ги направите после раскинувањето со вашето момче и која е формулата против болка:
РЕДЕКОРИРАJTE JА СПАЛНАТА – Ако немате средства за поголеми промени, тогаш барем купете си нова постелнина за да ја истерате лошата енергија од вашата спална соба и да почнете одново свежи.
ЗАПИШЕТЕ СЕ НА ЗУМБА – Време е да ја исфрлите негативната енергија од себе и малку да се испотите.
Запишете се на зумба, јога или пилатес, па со одличното тело подобрете си го расположението за само неколку седмици.
НАШМИНКАЈТЕ СЕ СМЕЛО – Освежете го изгледот за повторно да се почувствувате секси.
Совршените „smoky eyes“ можеби нема преку ноќ да ви го излечат скршеното срце, но барем ќе ве спречат да плачете неколку часа.
NotForMen препорака: Што после раскинување...
ДОЗВОЛЕТЕ СИ ДА ПОЛУДИТЕ НА 15 МИНУТИ – Не сте восочна кукла, па сосем природно е што вашиот мозок мора да се справи со промената.
Закажете си време од денот во кое ќе ви биде дозволено да полудите малку и на тоа гледајте како на позитивен начин за да ја преземете контролата врз ситуацијата.
ИЗБРИШЕТЕ ГО ОД ЖИВОТОТ – Шпионирањето на неговиот Фејсбук профил може само да ги влоши работите. Избришете го од пријатели, не одете на местата каде што се движи и отстранете го од телефонскиот именик.
Не сакате потсетник на вашата врска секогаш кога ќе го видите него или неговото име.
РАЗГОВАРАЈТЕ СО ПРИЈАТЕЛКИТЕ – Без разлика дали сте расположени за тура коктели или се откажавте од мажите до 2013-та кажете им го тоа јасно на пријателките, тие ќе ви помогнат. За вечерашното излегување нема да го поканат момчето кое сакаа да ви го местат.
ПОВРАТЕТЕ ЈА САМОДОВЕРБАТА – Правењето нешто малку страшно, кое не сте го направиле до сега, како учење скијање со даска ќе ви ја поврати самодовербата.
Само една исполнета тешка задача ќе ве потсети колку сте прекрасни.
ВДОМЕТЕ КУЧЕНЦЕ – Истражувањата покажуваат дека дружењето со миленичињата ќе ви помогне емоционално да закрепнете.
Вдомете некое кученце или пак ако не сте подготвени за толку голема обврска за време на викендот појдете кај вашата пријателка да си поиграте со нејзината мачка.
Применте ги правилата за преболување и наскоро повторно ќе ја свртите главата по некое ново момче.
.gif)






















.gif)
























