bolce3Перфекционизам до болка!
Често перфекционистите се несреќни, но уште почесто токму тие се оние најуспешните.
giftmalПодарувајте емоции
Подарокот го купувате за пари, а за да подарите моменти, подарувате дел од себе.
spijat_oddelnoИма ли ризик од спиење во посебен кревет?
Еден од четири брачни парови спијат одделно за да обезбедат квалитетен сон.
si_go_bara_mobilniotКои работи не треба да ги правите во јавност?
Кои работи не треба да ви паднат на памет да ги направите додека сте во јавност?

Уште еден ден за да го остварите сонот!

tricks

Креирајте визија за иднината, смислете стратегија и работете напорно за да го постигнете тоа. Нема скратени патишта и тајни формули.

Најлошиот непријател не ви е шефицата во климакс, ниту поранешната пријателка која се уште ве озборува по градот, ниту момчето кое ви го скрши срцето и замина со друга, вашиот непријател ви е токму вашиот ум.

Толку комплексен со илјада и еден трик може да ве наведе да застраните од патот до вашата среќа. Можеби потребен е само уште еден ден за да го остварите својот сон, но песимистичката мисла на умот „ако се уште не ми се случило, никогаш нема“ може да направи да се откажете и никогаш да не успеете.

Еве на кои трикови на умот не смеете да подлегнете:

  • „Ќе бев посреќна, само ако имав помалку обврски.“
  • Колку само би ви бил убав животот да не мора да работите, да можете да се излежувате и да одберете животен стил кој ви одговара?

    Воопшто! Ќе потонете во здодевност и монотонија. Ние сме креативни суштества и потребен ни е предизвик за да бидеме среќни.

  • „Не е до мене, до тебе е.“
  • Верувате дека сте несреќни поради вашиот сопруг, родителите или некоја трета личност. Се расфрлувате со обвиненија наоколу, но сетете се дека потребни се двајца за танго.

    Најважно е да ја прифатиме одговорноста и одлично да го изработиме нашиот дел.

  • „Само да ја откријам тајната за успех и ќе бидам среќна.“
  • Не постои тајна за успех или среќа! Живеењето успешен живот е доста едноставно. Креирајте визија за иднината, смислете стратегија и работете напорно за да го постигнете тоа. Нема скратени патишта и тајни формули.

     

    NotForMen препорака: 6 животни јога мудрости

     

  • „Ако само имав...“
  • Само ако ја имав вистинската работа или добар автомобил или вила во Маврово помислувате често.

    Нема ништо лошо во желбите за подобро, но тоа автоматски нема да ве направи посреќни. Можеби привремено, но на долг рок нема да ја исполни бездната која ја чувствуваме.

  • „Ги сакам работите како што се и никогаш нема да ги променам.“
  • Верувањето во ова е само поставување за пад. Животот е патување со константни промени.

    Ако се спротивставувате на промените само ќе ја заробите својата среќа. Прифатете го текот и учете од него.

  • „Ако се уште не ми се случило, никогаш нема.“
  • Нашите умови често се обесхрабрени кога успехот не е веднаш зад аголот. Сетете се на омилените ресторани за брза храна KFC (Kentucky Fried Chicken), кои и тоа како посакувате да ги има кај нас. Нивниот сопственик Colonel Sanders не започнал да ги отвора се додека не наполнил 65 години, после 40 години готвење и служење пилешко на бензинска пумпа.

    Упорноста е многу важна во постигнувањето на среќата. Не предавајте се, можеби е потребен само уште еден ден за да го остварите сонот! Нека целото ваше битие вреска САКАМ!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?