razgovaraaСите ваши пријателки
Сите ваши пријателки се уникатни, а нивните карактерни црти ги прават неопходно друштво.
zena_domakinkaИ за мажите постојат обврски
Креирајте совршенство со негова помош!
couple_play_game4 трикови за поцврста врска
Малите дози на внимание се најдобриот начин за да го нахраните коренот на вашата љубов.
teenagers_kissing_in_park3 правила за прв секс
Бакнежите се најдобриот лек против болката на девиците за време на првиот секс!

Гардероберот празен, облеката на под!

mess1

Како ги гледате парчињата расте вашата фрустрација и наеднаш ви доаѓа да вреснете на сет глас: Немам што да облечам!

Дали и вам „немам што да облечам ви е химна“? Па толку многу поводи, а толку малку време за комбинирање!

Наутро сте поспани, а на работа треба да изгледате пристојно и елегантно, попладне сте уморни, а треба да излезете на кафе со пријателките, вечерта сте речиси без енергија, но ете го тоа слатко момче ве повика на состанок.

Енергијата ја трошите 24/7 на движење, шопингот ви е полнење на батериите, но пронаоѓањето на совршената вечерна комбинација ви е мисија насловена: Гардероберот празен, облеката на под!

МИСИЈА: Вечерно излегување

Часот е 21, а вие имате навистина важна ноќ пред вас. Стоите лице в лице со вашиот гардеробер, се додека не се одлучите да извадите нешто што стоело таму две години, блуза која не одговара со ништо и чевли за кои не знаете ни зошто воопшто ги купивте. Како ги гледате парчињата расте вашата фрустрација и наеднаш ви доаѓа да вреснете на сет глас: Немам што да облечам!

Сопрете веднаш со ова материјално лудило. Знаете ли што се крие во вашиот плакар? Вистинска рефлексија на вашата внатрешност!

**Разберете ги вашите ставови и верувања за облеката и шопингот.

**Направете го секое парче во плакарот во ваша служба.

**Облечете се за сегашноста, не за минатото или иднината.

 

NotForMen препорака: 7 модни гревови

 

Зошто немате што да облечете?

Еве го моментот на вистината според Judie Taggart, авторката на Women's Wear Daily! Вашиот гардеробер треба да биде во хармонија со вашиот живот! Затоа треба парчињата гардероба да ви бидат во сооднос со часовите на ден кои ги поминувате на работа, дома или во диско.

Направете ваква поделба:

Деловна облека

Спортска облека

Облека за вечерни излегувања

Облека за социјални настани

Облека за по дома

Кежуал облека за викенди

Еве неколку практични совети од нас:

  • Редовно перете!
  • Ако редовно перете, тогаш вашите омилени парчиња секогаш ќе ви бидат достапни и нема да ја започнете мисијата бирање на комбинација со полупразен плакар.

  • Поправете ги чевлите!
  • Однесете ги омилените чевли на чевлар. Поправете им ја флекницата и уживајте повторно во нивната удобност.

  • Сошијте го фустанчето!
  • Сошијте го копчето кое ви падна од фустанчето или отстранете ја дамката од омилената бела кошула. Зошто секогаш само да купувате ново кога можете со старите поправени парчиња и новите купени да имате изобилство од облека за комбинирање?

  • Многу модни додатоци!
  • Ова е евтин начин да го освежите вашиот изглед. Со нов колан вашиот фустан ќе изгледа навистина поинаку. Ставете марама или доминантни обетки и нема потреба од нова облека, истата облека со различни аксесоари ќе добие нов шарм.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?