
Одредете во умот каде сакате да стигнете за да успеете во тоа. Конкретните соништа ќе бидат секогаш тука да ве потсетат!
Време е да излезете од сивилото на просечноста, да си поставите високи цели, да го искористите секој миг, да работите напорно, да ги слушате критиките и да блеснете со сиот свој сјај. Време е да станете најуспешната!
ФОКУСИРАЈТЕ СЕ КОЈА Е ВАШАТА ЦЕЛ!
Влегувате во такси, која е првата работа која ја кажувате? Можеби поздрав и веднаш потоа дестинацијата.
Да, во животот неопходна ви е дестинација. Одредете во умот каде сакате да стигнете за да успеете во тоа. Конкретните соништа ќе бидат секогаш тука да ве потсетат што навистина сакате.
ПРАВЕТЕ ГО ТОА ШТО ГО САКАТЕ!
Сакате да пишувате блог и да ги коментирате актуелните настани кои ве иритираат? Сторете го тоа! Правењето на она што го сакате е неисцрпен извор на гориво коe прави да одите од ден во ден.
Ако не сте доволно страствени да ги истуркате работите докрај никогаш нема да станете почитувана нотарка или финансиска менаџерка. Пронајдете ја вашата страст, вашата љубов, вашиот најголем интерес и започнете веднаш да работите на тоа!
РАБОТЕТЕ ПОНАПОРНО ОД ДРУГИТЕ!
Поминете ги и слободните вечерни часови во финалното средување на извештаите за годинешниот буџет на фирмата. Прегледајте ги и по три пати, затоа што не постои човек кој постигнал одлични резултати без напорна работа.
Потребни ви се стратегии и многу чекори до успехот, не велиме комплетно да го напуштите социјалниот живот по цена на работата, но од време навреме направете некоја жртва.
NotForMen препорака: Домаќинка или кариеристка, што сакаат мажите?
ИСКОРИСТЕТЕ ГО СЕКОЈ МОМЕНТ!
Ако одите на далечна дестинација, земете книга и читајте по пат, ако ја чекате пријателката погледнете што има во бутикот до вас или проверете го вашиот мејл.
„Времето е повредно од парите, бидејќи можеш да ги вратиш назад парите, но не можеш времето“ (Donald Trump). И навистина е така, успешните луѓе знаат дека секој миг е важен. Тоа не значи работа 24/7 туку да знаете и кој миг да го искористите за одмор.
ПОБАРАЈТЕ СОВЕТ И КРИТИКА!
Секогаш побарајте совет, прашајте го шефот како да се подобрите, пријателките дали сте сториле нешто да ги повредите, партнерот дали сте добра девојка.
Повратниот одговор некогаш е очекуван, а некогаш сосема изненадувачки и може да ве одведе на сосема ново ниво. Тоа е најбрзиот и најефективниот начин да се подобрите, затоа што без него не можете да ги поправите работите кои не знаете дека се лоши.
Запомнете никој не станува успешен ако се задоволува со просечноста. Успехот доаѓа од целењето кон врвот!
.gif)






















.gif)
























