pleasure15 вида на оргазам кај жените
Некои жени ејакулираат при клиторисна стимулација, а некои со вагинална акција.
baba4Мудроста на баба ми во 4 реда
„Да си пробаш внучке, никој фала не ти кажува ако го чекаш сама на игранка.“
kavgaСекс после кавга против неверство
Чести кавги – зголемен тестостерон – секс или неверство?
oganБеа како оган и вода
Почетокот розов, но како поминуваше времето овие две крајности не можеа да најдат заеднички јазик.

Дали повеќе партнери значи подобра во кревет?

so_dvajca_vo_krevet

Зошто жените и мажите лажат за бројот на сексуалните партнери? Жените секогаш го намалуваат бројот за да испаднат неискусни. Мажите, пак, додаваат плус неколку партнерки на списокот за да испаднат експерти во сексот. Ова и не треба да ве чуди со оглед на фактот што кај нас се донесуваат заклучоци за личноста врз основа на нејзиното сексуалното однесување.

Ако девојката имала повеќе од двајца партнери веднаш ѝ се лепи етикетата лесна женска. Машките, пак, ако немаат материјал за да се фалат наредните три часа, се забегани. Само што бројот на партнерите нема никаква врска со способностите в кревет. Напротив, експертите велат дека оние што се во долга врска, се многу подобри љубовници. Зошто? Долгата врска го нуди следното:

Честота во сексот. Кога сте во врска, имате секс ако не секоја, секоја втора вечер. Свесни сте дека повторувањето е мајка на знаењето. Ако сте во нестабилна врска или почесто ги менувате партнерите, честотата на сексот се сведува на минимум. Тоа не значи дека ќе заборавите  да водите љубов, но има разлика ако имате тренинг секоја вечер или имате еднаш месечно.

Отворен разговор. Сетете се колку време ви требаше да му кажете на партнерот дека таа поза најмногу ви се допаѓа. Сега кога сте заедно толку време, не срамите се да му кажете и што е најважно да му покажете што ви се допаѓа. Вака никогаш нема да можете да разговарате со момчето со кое спиевте петпати. Многу малку го познавате и не знаете како ќе реагира на вашите забелешки. Партнерите во долга врска се трудат сексот да го сведат на максимално уживање. Притоа, секој од партнерите води сметка за тоа дали другиот ужива.

Увид во сексуалното здравје. Спиењето со повеќе партнери не само што може да ви донесе лоши муабети, туку можете да закачите и некоја болест. Ако сте во долга врска, несомнено и двајцата ќе бидете информирани за сексуалните проблеми. Довербата и почитта, грижата за другиот, ќе направат повеќе да се грижите да се заштитите од несакана бременост и слично.

Експериментирање во сексот. Се лажете ако мислите дека експериментирате со менувањето на партнерите. Така се враќате на почеток само со нов човек. И да сакате немате време да почувствувате здодевност за да сакате да пробате нешто ново. Партнерите во долга врска ги испробуваат сите форми на секс, сите аспекти и тајни на чинот.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?