mad3Се лутам, ми значиш!
Повторно листа на обвинувања за вашите неосновани жалби паднаа врз вас.
so_rogcinjaСвртете нов лист
Како ќе препознаете дека сте подготвена да свртите нова страница?
plac_copy„Формула“ против болка
Не паѓајте во замката да се сеќавате на убавите моменти, сетете се на пеколните кавги.
gricka_noktiНајутешителни реченици на жените
Не ви се случува тоа само на вас, но не е толку комплицирано колку што изгледа. Треба само да разберете дали сте среќна или не.

5 митa за секс во вода

baknez_vo_bazen

Нормално, љубов. Летото не е лето без љубов. Бакнување на плажа додека сонцето заоѓа. Милување додека го нанесуваме млекото за сончање. И, секако, малку водени лудории - секс во вода.

Додека читавте сигурно пред очи си ја замисливте целата слика, а во неа вие со својот партнер. Но, застанете малку. Размислете навреме за да не ја прекинете магијата на дело. Еве ги најчестите погрешни верувања за сексот во вода кои ќе ви помогнат како да постапите.

МИТ: Ако сакате да се заштитите од бременост, имајте секс во базен!

ФАКТ: Да се разбереме! Никогаш водата не служела како контрацепција. Мисијата на сперматозоидот е да дојде до јајце-клетката. Ако тој влезе, не постои нешто што може да го извади. Затоа не залажувајте се дека можете да уживате и тој да ејакулира во вас, само поради тоа што сте во вода, а не на суво.

МИТ: Топлата вода во бањата или во џакузито е доволна за да се уништат сперматозоидите.

ФАКТ: Сигурно дека нема да имате секс во вода на температура од 100 степени. Седењето во топлата вода околу триесетина минути, може да влијае на квалитетот и на количеството сперма. Но, сетете се дека само еден сперматозоид е доволен за да заврши работа.

МИТ: Сексот во вода е одличен за заштита од сексуално преносливите болести.

ФАКТ: Употребувајте кондом или контрацепција без разлика каде сте решиле да имате секс. Како што не спречува сперматозоиди, така водата не спречува и бактерии и вируси да се разменат за време на сексуалната интеракција. Ако некој е ХИВ-позитивен, и тоа како ќе ве зарази во вода. Дури постојат одредени докази што потврдуваат дека жената полесно добива вагинални инфекции за време на водениот секс.

МИТ: Кондомот е идеално средство за секс во вода!

ФАКТ: Кондомот е одлично средство како за заштита од несакана бременост, така и за заштита од сексуално преносливи болести. Но, постои еден исклучок. Не велиме дека не заштитува, но постои ризик ако се потпрете на него за време на сексот во вода. Размислете дека може многу лесно да се слизне од пенисот. Од друга страна постојат кондоми чувствителни на вода и хлор, при што може да дојде до нивно распаѓање или кинење.

МИТ: Нормално дека ќе забремените ако влезете во вода со сперматозоиди!

ФАКТ: Постои голема разлика партнерот да ејакулира во вас за време на сексот во вода, и тоа да го стори настрана додека вие сте во вода. Сперматозоидите немаат толку голема сила да го препливаат базенот и да дојдат до вас. Од друга страна, не се програмирани за да знаат на која врата треба да влезат. И што е најважно, вашата вагина не е отворена додека вие сте во базенот или во топлата бања.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?