duva_baloncinjaСингл за Денот на вљубените? Па што!
Како да го прославите Денот на вљубените дури и кога немате момче?
couple_therapyСоветувалиште за двојки
Најважните совети што ќе ги чуете од психијатрите за парови...
kids_on_net„Една грешка ја чинеше живот“
Facebook социјалната мрежа стана легло на убијци што го бараат својот плен.
svetla_copyОд светлата страна на денот...
Знаете како велат за песимистите чашата е половина празна,  а за оптимистите е половина полна.

Вовед во тантра-секс

predigra

Главната смисла на сексуалниот чин е оргазмот. Штом го нема, се чувствуваме фрустрирани, партнерот чувствува вина и ако тоа зачести, следуваат караниците. Но, кога оргазмот не е главната цел на сексот? Сте слушнале ли за тантра-секс?

Суштината на тантра-сексот е да се одложи чинот на задоволството. Самото одлагање на главниот момент создава тензија, расте сексуалната страст, се зголемува напливот на крв во мозокот. Никогаш толку многу не сте го посакувале партнерот.

Ако веднаш преминете на главното, ќе ги пропуштите сите емоции и сета сексуална енергија што ги дава предиграта. Всушност и квалитетот на оргазмот зависи од добрата предигра.

Тантра-сексот е комбинација на медитација и јога. Партнерите се поврзуваат на уникатен и длабок начин. Ова е само вовед и за почеток ќе предложиме четири трика за почетниците.

Создадете интимна атмосфера.

Во тантра-сексот не е важно каде било да имате секс и само да го задоволите нагонот. Мора да обрнете внимание на најситните детали. За правилен тантра-секс важна улога има просторот. Постелете мека и миризлива постела, запалете свеќи, расфрлете неколку перничиња и листови од роза. Главен момент е музиката. Симнете од интернет музика за јога и релаксација. Пријатните звуци ќе ве релаксираат, и двајцата ќе имате чувство дека сте на друга планета.

Разменувајте воздишки.

Разменувањето воздишки е првата вежба во тантра-сексот. Значи, ќе застанете еден пред друг, ќе земете воздух и преку устата ќе му го предадете на партнерот. Истото и тој треба да го стори. Се верувало дека на овој начин партнерите вистински се запознаваат. Не само надворешно, туку го слушаат ритамот на душата.

Гледајте се в очи.

Иако мислите дека е едноставно, обидете се и видите дека очите сами ќе ви се затвораат. Вистинско интимно поврзување настанува со погледот. Една ваква сесија и ќе видите колку ќе го чувствувате партнерот поблизок. Очите никогаш не лажат, можеби и затоа замижуваме кога нешто не е ОК. Значи, ќе почнете да се допирате еден со друг и цело време ќе се гледате в очи. Колку помалку се срамите од гримасите што ќе ги правите под дејство на допирите, толку повеќе се поврзувате со него.

Одете полека.

Иако можеби ќе паднете во искушение да преминете на главното, воздржувајте се. Верувајте дека доживувањето ќе биде поголемо. Полека бакнувајте се, галете го по секој дел на телото, испитајте ги и деловите на кои никогаш порано не сте им обрнале внимание. Дозволете и тој да го направи истото. Треба да завршите кога буквално ќе ве бакне од глава до петици.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?