woman_cry_for_menДа и кажам на пријателката дека момчето ја...
Прочитајте ги двата сосема спротивни ставa. Кое е вашето размислување на темата?
42-17760246Врската како лек
Дали новото момче ќе ви помогне да ги потиснете чувствата за бившиот партнер?
married_couple_23Совети за среќен брак
Успешните и среќни парови брзо развиваат силно чувство на поврзаност...
cheat_breКои се причините за неверство?
Дали помина времето кога покажувавме со прстот кон мажите?

Предигра во тантра-сексот

predirga_vo_tantra_seks

Најчесто целта на сексот е постигнување оргазам, а не да се задоволи партнерот или да се создаде нераскинлива врска.

Рутинскиот секс има издвоен почеток и крај. Оргазмот се случува некаде на средината и целиот чин трае од 10 до 15 минути. Со оглед на тоа што на жената ѝ треба подолго време да се релаксира и најмалку 20 минути добро да се возбуди, не е ни чудно што на крајот останува незадоволена.

Затоа тантра-сексот нема конкретен почеток и крај. Тој е еден вид танц кој трае сé додека има музика. Целта не е постигнување оргазам, туку поврзување на душите преку телото, создавање уникатна интимна атмосфера во која обајцата партнери подеднакво ќе уживаат.

Самото правило кое налага да не се сосредоточите на оргазмот, го ослободува мозокот и мислите од таквата обврска и на крајот, наместо еднаш, двапати ќе доживеете оргазам. Особено им се препорачува на мажите што имаат проблем со прерана ејакулација. Елементите на овој секс како почитување, доверба, љубов, го прават достапен за сите генерации.

За тие што ги поминаа четирите фази на подготовка, за кои зборувавме, време е за неколку нови. Останатите не чекајте и фрлете се на работно уживање.

Закажете секс-сесија.

Мора да најдете време за сесијата по секс. Еднаш е многу малку, а секој ден ќе ви стане напорно. Затоа најдобро е 3 до 4 пати во неделата да најдете време за интимно поврзување. Не мора на секоја сесија да ги повторувате сите чекори. Тука повеќе се мисли на тоа да бидете заедно, па ако сакате времето поминете го само во разговор и во прегратки.

Облечете се провокативно.

Ако за вас провокативно е да бидете гола, тоа е целосно прифатливо. Тука нема никакви ограничувања. Не значи дека сега треба да трошите пари за на секоја сесија да се појавувате со нови парчиња долна облека. Еднаш во неделата или во месецот е доволно, а за останатите денови бидете инвентивна. Измијте ја косата, ставете природен цвет со кој ќе се милувате и доволно сте сториле.

Внесете ритуал за да создадете поголема интимност.

Целиот чин почнете го со ритуал. Нешто слично на предигра, но поинакво. Ритуалот не треба да подразбира стимулирање на жешките точки. Не брзајте, стимулацијата е резервирана за подоцна. Ритуалот се однесува на заедничкото уживање, на пример, во храна, вино, бања, музика. Заедно капете се, хранете се меѓусебно со овошје и подгрејте ја атмосферата со пијалак. Масажа, бавно танцување, се уште еден пример за добар ритуал.

Максимално искористете ја моќта на допирот.

Сега кога дознавте сé што е потребно, време е да поминеме на галење. Тука не заборавајте на правилото за одење полека. Не е финтата набрзина да завршите со сé. Треба да одвоите часови за експериментирање со интензитетот и начинот на стимулацијата. Најважен момент е отворено да разговарате. Мора да кажете и да дознаете како точно сакате да бидете допрени и да допирате. Молчењето ќе го уништи целиот процес. Откако буквално меѓусебно ќе ги испитате своите тела, можете да користите дополнителни средства за стимулација. На пример, секс-играчки, млека за масирање на полните органи и слично. Сега сте подготвени да преминете на тантра-сексот. Продолжува...




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?