
Сигурно досега многупати ви текнало да изведете стриптиз за својот партнер. Не сомневајте се во тоа дека и тој не помислил на истото. Доволно е да погледнете некоја филмска сцена и да ви се роди желба и на обајцата. Вие да сакате да го приредите, а тој да сака да ве види во такво светло.
За да се уверите и сами во ова што го зборуваме, прашавме неколку момци дали би сакале нивните партнерки да им приредат приватен стриптиз?
Благоја (27 години) „Тоа би било вистинско летно освежување. Ако навистина се потруди, ќе има за што да се радувам наредните месеци."
Стефан (24 години) „Па речиси и да не постои маж што не би го посакал тоа. Самата сензуалност на телото, исчекувањето, еротиката на танцот го крева адреналинот."
Ако ве убедивме на ваков чекор, не смееме да ги оставиме работите на случајноста. Не е финтата само да се соблечете пред него додека во заднината има музика. Потребна е добра стратегија и претходна подготовка за на крајот да го добиете епитетот ПРОФЕСИОНАЛЕЦ.
Претходна подготовка. Во оваа фаза треба да обезбедите локација, соодветна атмосфера, облека. Ова се трите елементи што мора добро да ги осмислите.
Локација: Бидејќи сега е период на одмори, можете да го искористете неговиот слободен стан или вашиот дом. Ако тоа биде кај вас, дајте му инструкции во колку часот да дојде, каде ќе биде оставен клучот за да влезе, на која фотелја да седне... Ако танцот планирате да го изведете кај него, тогаш е полесно. Само ќе треба да се појавите.
Атмосфера: придушете го светлото во собата за да создадете интимност. Снимете компилација со песни што во вас знаат да ја разбудат дивата страна, кои поттикнуваат на еротика и на фантазија. Слободно можете да искористите некоја од филм. Не останувајте без резерва. На пример, сте снимиле една песна, таа завршува за нешто помалку од 5 минути и потоа системот трешти од некоја металика. Доволно за да се уништи моментот.
Облека: за танцот што го имаме замислено за вас потребни ви се следните парчиња облека: свилена марама, блуза, кошула, маичка, сé е прифатливо додека има копчиња за откопчување, здолниште по можност со патент. Не дека панталоните се лоша опција, но се далеку покомплицирани за соблекување. Подвезиците се најсекси долната облека што можете да ја најдете во вашиот плакар. Можеби најважниот момент за стриптиз-комбинацијата се потпетиците. Што повисоки тоа подобро.
Зачини: мирис, ново име, мазна кожа, провокативни усни, нежни раце со средени нокти, миризлива и сјајна коса. На кожата нанесете бебешко масло за да свети и да изгледа провокативно истакнувајќи ја линијата на самите нозе. Усните истакнете ги со малку кармин, а повеќе сјај. Ставете од парфемот што проверено го возбудува. Прснете малку и во косата, откако претходно убаво ќе ја измиете и ќе поработите на волуменот. Додека го изведувате танцот, ќе треба да се допирате и да се галите сама, затоа обрнете внимание и на дланките. За да се внесете во целиот филм, најдобро е да си замислите дека тоа всушност се неговите дланки што ве галат. За крај смислете сочно име со кое ќе ви се обраќа.
Засега толку, во следниот текст ќе научите како да го изведете танцот како вистински професионалец. Останете со нас!
.gif)






















.gif)
























