
Вие што сте збунети и што не знаете за што зборуваме, сé уште имате можност да ни се приклучите. Вратете се на статијата во која зборувавме за подготовката и ќе нé стасате за помалку од 5 минути.
Сега кога сите сме на број, време е да почнеме со часот по стриптиз. За почеток да ја доловиме атмосферата што сами ја создадовте.
ТОЈ е веќе седнат на позицијата која ја одредивте за него, претходно стиснал на плеј за да оди музика во заднина и нестрпливо чека да се појавите од вратата.
ВИЕ облечена во претходно предложената комбинација, зачинета со мали трикови, нервозно стоите пред вратата како актерка пред премиера.
И време е за настапот...
Отворете ја вратата, влезете, постојано одржувајте контакт со неговите очи, прошетајте низ собата со исправен од. Застанете... Завртете му се со грб и стојте неколку секунди со подраширени нозе.
Тој целиот збунет ќе ве гледа и нема да му биде јасно што го очекува понатаму. Постепено ќе почне да ве испитува. Половината, тесното здолниште кое одлично го истакнува задникот, издолжените нозе, истакнатите ножни листови и секако високите потпетици.
Мора да признаете дека досега беше лесно, но сега следува најважниот момент кога мора да се отпуштите и да влезете во филмот. Постепено ќе почнете да го соблекувате секое парче облека. Тоа мора да го изведете со голема елеганција, еротичност која ќе ја градите со погледите и гризењето на усните, а најважно од сé е да бидете бавна. Ништо не сте направиле ако набрзина слечете сé од себе и веднаш во кревет. Обрнете внимание на секоја ситница за приказната за стриптизерката да стане реалност.
Свилениот шал...
Застанавме до моментот кога вие стоите завртена со грб. Почнете бавно да се нишате на музиката. Ритамот нека шета по целото тело, од рамената, нека се спушта на колковите, па сé до нозете. Со нежен потег извадете го свилениот шал од вратот. Нека летне во воздухот за да го пренесе вашиот мирис до неговите сетила. Обиколете ја половината со него и правете кружни движења постепено спуштајќи го под задникот. Неочекувано свртете се и пријдете му. Ставете го околу неговиот врат, потегнете го за лицето да дојде до вашите гради и веднаш турнете го назад, оставајќи го шалот зад себе.
Кошулата...
Не тргнувајте поглед од него, не заборавајте да мрдате според ритамот, почнете да се откопчувате. Наизменично, еден поглед во копчето еден во него. Кога ќе стигнете до градите, завртете се со грб. Покажете му го едното рамо, подоцна другото. Нежно соблечете ја кошулата и оставете сама да падне на подот.
Здолништето...
Ако имате патент одзади, почнете да си играте со него. Почнете полека да го откопчувате надолу додека задникот полека го мрдате и го истакнувате. Со рацете фатете го здолништето за ременот и полека симнувајте го надолу по нозете. Внимавајте кога ќе треба да излезете од него со високите потпетици. Правете сигурни движења за да не се сопнете.
Потпетиците...
Потпетиците се најтешкиот дел за соблекување бидејќи лесно може да се сопнете и наместо еротика да создадете комедија. Можеби ќе си речете дека нема потреба од толку комплицирање, но навистина не иде одеднаш да прекинете сé за да се наведнете и да ги собуете чевлите. Доволно е мала дистракција и магијата да се намали. Затоа или изведете го тоа сами додека танцувате или пријдете му и побарајте помош од него.
Подвезиците...
За него доволно е што ве гледа облечена во подвезици, па уште да почнете да ги соблекувате. Откачете го чорапот од штипката и полека тркалајте го надолу по ногата. За да има уште подобар видик, качете ја ногата на креветот или на стол. Сторете го тоа и со другиот чорап, но подвезиците оставете ги на себе.
Градникот...
Соблекувањето на градникот дополнително ќе ја загрее атмосферата, возбудата кај него ќе биде на висока точка. Симнете ја левата прерамка, потоа десната, откопчајте го, но не дозволувајте да падне. Држете го за вашите гради додека танцувате. Тргнете го со едната рака, а со другата веднаш скријте ги градите. Полека почнувајте да ги покажувате по малку, првин од страна и на крајот брадавиците. Неколку секунди масирајте ги пред неговите очи.
Гаќичките...
Бидејќи го навикнавте на бавно, тој сигурно очекува дека ќе треба двојно да чека за да ги соблечете гаќичките, бидејќи тие се јаготката на шлагот. Изненадете го, набрзина собујте ги и фрлете му ги во скут. Жартиерите останаа да висат на вас. Оставете ги за тој да ги соблече.
Сега кога сте сосема гола, треба да покажете многу сензуалност и страст. Играјте си со косата, допирајте се по телото и гризете ги усните. Целта е да му покажете колку многу го посакувате... Уживајте!
.gif)






















.gif)
























