
Во менструалните денови желбата за секс ви е зголемена. Што се однесува до вас, би имале секс во секое време по неколку пати. Проблемот е тоа што ретко кој маж прифаќа да пружи такво задоволство. Мажите имаат предрасуди околу менструацијата, не сакаат да слушаат за тоа а камоли да видат крв.
За почеток треба да разговарате со партнерот и да пробате да го убедите дека задоволството е исто. Тој ќе прифати можеби само анален секс, но вас не ви беше тоа замислата. Е сега доколку добиеното ви е на почеток и навистина е обилно подобро е да се воздржите, почекајте неколку дена.
Доколку вашиот партнер ве одбива само поради тоа што се гади од крв, имајте секс откако тампонот ќе ја впие поголемата количина крв или веднаш после туширањето бидејќи тогаш крвавењето е послабо. Под вас ставете крпа по можност темна, за воопшто да не примети дека е извалкана.
Најважно е добро да го испровоцирате. Доколку почнете да го милувате и му дадете на знаење дека навистина многу сакате, тој ќе попушти. Знаејќи дека го прави тоа во моментот кога сте најмногу возбудена и самиот ќе заборави на менструацијата.
.gif)






















.gif)
























