
Сексуалниот живот на секој пар е индивидуален и никогаш не може да се одвива според некоја статистика, а најмалку на утврдена саатнина. Повеќето парови имаат успеси и падови - периоди кога почесто водат љубов и периоди кога таа желба не е толку изразена. Но, ако и обајцата се среќни и кога водите љубов еднаш во неделата, тоа е сосема нормално.
Врз намалувањето на сексуалната желба, и кај мажите исто како кај жените, влијаат подеднакво истите фактори: проблеми во врската, на работа, секојдневен стрес. Последиците од тоа се губење на ерекцијата или прерана ејакулација. Сè додека често се нервирате и грижите поради намалените сексуални односи, го зголемувате нивото на стрес, а со тоа вашата сексуална желба ќе се намали. Прифатете го фактот дека вашето либидо се менува под дејство на чувствата и расположението, како и уживањето во сексуалниот однос.
Извлечете полза!
Размислете добро. Дали навистина сакате да водите љубов според статистика (двапати неделно) и така да го претворите својот сексуален живот во должност или сакате не толку чест, но експлозивен секс? Во најновите истражувања, сексолозите утврдиле дека на жената ѝ се потребни десет дена за да ја поврати својата спонтана сексуална желба по задоволувачкиот секс, додека пак на мажите им се потребни од три до 5 дена за да го сторат истото. Но, сите што се задоволни од својот сексуален живот нагласуваат дека квалитетот е многу поважен од квантитетот, кој не се остварува за неколку секунди и со неколку потези. Тоа значи дека предиграта е неопходна, многу бакнежи, нежни допири и стимулација, но размена на нежности и надвор од спалната соба.
Совет:
И обајцата партнери треба да го доживуваат сексот како важен дел од заедничкиот живот. Наместо брз секс на крајот од денот, кога и обајцата сте уморни, одвојте барем еден час само за ваше задоволство. Одете порано на спиење и истражувајте ги своите ерогени зони. Измислете некоја заедничка игра, која ќе ве возбуди или можеби ќе ве насмее. И смеењето е добро за сексот.



















































