
Само 10% од мажите имаат прав пенис
Не постојат два исти пениса - исто како што не постојат двајца исти мажи. Секако, ако ги исклучиме еднојајчените близнаци. Всушност, толку многу се разликуваат по својата големина, боја, облик што понекогаш е тешко да се дефинира што е нормално...Но затоа сме ние тука за да ви помогнеме околу горенаведеното прашање. Се надеваме дека ќе ви помогнеме да ги расчистете сите сомнежи и да му се препуштете на уживањето.
Дали е нормално секој пенис да има различна боја?
Обично да. Некои мажи имаат пурпурна боја на главата од пенисот, додека пак коренот им е блед. Во пенисот се наоѓаат многу крвни жили кои се познаваат под кожата. Многу е важно да нема црвени или розови дамки кои укажуваат на исип. Ако видите нешто слично, упатете го на лекар, пред да се препуштите на сексуалниот однос.
Мора ли да биде прав?
Секако дека не. Малата кривина може да биде и практична ако ја одберете онаа поза која ќе му овозможи подобро да ја стимулира вашата Г-точка. Повеќето мажи имаат пениси свиткани нагоре или малку настрана. Во таа смисла, кај првиот подобро е да ја одберете мисионерската поза бидејќи така најлесно ќе стигне до вашата Г-точка, а кај вториот можете да ја пробате следнава варијанта: легнете на онаа страна на која е накривен неговиот пенис. Кренете ја едната нога, а тој нека легне зад вас, така што пенетрацијата ќе биде полесна и целосно ќе продре во вашата вагина.
Но, ако е премногу искривен, тогаш имате проблем. Пеурониевата болест се манифестира со свиткан пенис прекриен со лузни, поради која понекогаш сексуалниот однос не е возможен.
Дали е нормално ако тестисите не се идентични?
Тестисите мора да бидат големи колку орев. Ако се помали, тоа може да биде знак дека ризницата на тестостерони на вашиот партнер е смалена, а тоа може да се одрази на неговата плодност. И да, пожелно е да бидат иста големина, но вообичаено е едниот тестис секогаш да биде малку помал од другиот.
Колку ерекции дневно се нормални?
Повеќе од една, но не постои ограничен број. Исто така, мора да знаете дека ерекцијата не значи дека е возбуден. Понекогаш мажите може да имаат ерекција, а воопшто да не помислат на секс. Причина е нивната крв. Многу мажи во текот на ноќта доживуваат и до осум ерекции, а да не сонуваат секс. Тоа е некој вид телесна вежба за пенисот.



















































