
Мислите дека јогата не е за вас? Добро. А што е со повеќе оргазми едно по друго? Ахаааааа, тоа може нели? Изгледа дека јога вежбите ги гарантираат овие оргазми. Истражувачите велат дека жените кои се занимаваат со јога, многу полесно се возбудуваат. Еве три јога-трикови за достигнување на врвот во креветот:
Обрнете внимание на дишењето
Ако некогаш сте биле на часови по јога, тогаш знаете дека првата работа која ќе ви ја каже инструкторот е да се фокусирате на дишењето. Вдишувањето и издишувањето работат автоматски, но повеќето од нас дишат прилично нееднакво и плитко. Ако дишењето е рамномерно, тогаш телото подобро се отпушта. Оваа техника навистина ќе ви помогне полесно да доживеете оргазам. Се што треба да направите, кога оргазмот се наближува, е да вдишувате и издишувате рамномерно. Длабокото дишење е подеднакво важно, бидејќи плиткото дишење ја зголемува нервозата поради која дишете уште поплитко.....и така се вртите во круг, што го оневозмоижува отпуштањето, а со тоа и оргазмот. Да скратиме: дишете, вриштете, воздивнувајте, но немојте да го задржувате дишењето.
Фокусирајте се
Ништо не може да ја уништи можноста за добивање на оргазам за време на сексот како помислата, дали ја исклучивте пеглата или пак рерната. Инструкторите по јога обично велат погледот да се насочи кон одредена точка за да се одржи рамнотежа. Трикот е во тоа што фокусирањето кон една единствена мала работа го ослободува мозокот од се што инаку би го заморило. Исто така треба да се фокусирате и во креветот додека водите љубов. Можете да ја одберете било која точка, или предмет, само концентрирајте се на неа и препуштете им се на чувствата. Нормално, не мора цело време да ја гледате таа точка, фокусирајте се на неа само додека да се отпуштите.
Заземете соодветна положба
Не само што јога положбите изгледаат секси туку ги опуштаат мускулите и ги подготвуваат за секс. Затоа прилагодете ги своите омилени положби за двајца и уживајте. Ако сте во мисионерка положба, ставете му ги нозете на рамениците, така што листовите ќе ви бидат на неговиот грб. Ако сте вие горе, седнете врз него, чучнати, и фатете се за пети со рацете. Секако не заборавајте да вдишувате и да издишувате.



















































