
Unique број 3 ви открива како да постигнете БРЗ, ЕДНОСТАВЕН И ЕФЕКТИВЕН СЕКС
Сите го сакаат сексот и уживаат во него, но понекогаш ви се вградува она чувство дека сте поминале се и дека едноставно повторувате одново. Понекогаш со текот на времето сексот станува не инвентивен и не динамичен. Тоа значи дека сте наишле на слепа улица од која мора да излезете. Ако некои од овие работи кои се набројани подолу во текстот ги практикувате често во текот на сексот, тогаш повеќе од сигурно е дека ви треба помош. Помошта можете да ја добиете во новиот број на UNIQUE - таму ќе откриете како да постигнете БРЗ, ЕДНОСТАВЕН И ЕФЕКТИВЕН СЕКС...
ПИЈАНИ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС
Многу парови ќе кажат дека во спалната соба е по забавно после две пива или три коктела. Но ако сексот со 0,0 промили алкохол не ве задоволува, нешто ви стои на патот до сексуалното задоволство. Можеби во вашата потсвест, сексот е грешен и аморален. Запомнете, единствената работа од која треба да се опијаните во креветот е вашиот партнер.
ВОДИТЕ ЉУБОВ САМО ЗА ВИКЕНД
|
Понеделнички секс?! -најнепопуларен тајминг за секс е понеделник преку ден. |
Сексот е една од најголемите жртви на модерното живеење и ако го практикувате само за викенд - не сте единствени. Можеби сексот го доживувате како награда на крајот од работниот ден, што не е лошо ако потребите на вашиот партнер се поклопуваат со вашите. Брзинскиот секс, на пример, во четврток после работа, ќе направи чува во вашиот сексуален живот.
СЕКОГАШ ГО ГАСИТЕ СВЕТЛОТО
Оваа навика произлегува од стравот дека партнер ќе помисли нешто лошо за вашето голо тело. На пример, дека е непривлечно. Ниту еден маж не го оценува вашиот целулит, влакната или салото како што вие тоа го правите. Доколку го гасите светлото, се одрекувате од можноста да уживате во погледот на вашите испреплетени тела, поради недостатоците кои вашиот партнер не ги забележува.
ГО ВКЛУЧУВАТЕ АВТОПИЛОТОТ
Дали ви се чини дека вашиот секс е рутински? Добро е што сте откриле до ве води до врвот на задоволството. Но рутината чија цел е само оргазмот, ви ја одзема можноста да си играте и да експериментирате. Немојте да се одречете од тоа!
.gif)






















.gif)
























