
Се нека започне со меѓусебно дразнење преку облека...
Многу пати сме зборувале за тоа како долната облека може многу повеќе да го возбуди, отколку да му се појавите пред очи како од мајка родена. Бидејќи нема сомневање во ова, останува да видиме како да ги искористите неколкуте крпчиња облека за потполно да го излудите партнерот. И сами знаете дека не е доволно само да облечете провокативна долна облека, поважно е како ја носите, а најважно е како ја користите во кревет. Овој пат ви нудиме неколку трикови за тоа како мудро да ја искористите долната облека меѓу чаршафите.
ЕДИНСТВЕНО ПРАВИЛО: ЗАБОРАВЕТЕ НА СОБЛЕКУВАЊЕ!!!
Веруваме дека ќе горите од желба да ги фрлите гаќичките, а тој буквално ќе сака да го искине градникот за да дојде до вашите гради, но овој пат тоа е строго забрането.
Облечете се во нова долна облека, можете да облечете корсет за уште толку да ги истакнете градите, а подвезиците ќе бидат вистински празник за неговите очи. Додека се средувате во бањата, замолете го да легне на креветот, но да не се соблекува.
ПАТОТ ДО СЕКС ВРЗ ОБЛЕКА:
Излезете од бањата држејќи ја во рака вашата намирисана марама. Додека тој се обидува со погледот да го впие целиот ваш изглед, вие прекинете го што побрзо врзувајќи му ги очите. Самиот факт што нема поим што ќе следува следно, дополнително ќе ја зголеми страста во него.
Бидете сигурни дека во неговата глава е врежана сликата од вашето секси издание. За да го смените текот на неговите мисли, врз долната облека натнете свилена или сатенска наметка или ноќница. Легнете врз него за да го осети мазниот материјал како се трие врз неговата гола кожа.
Полека откопчајте го неговиот патент, извадете го неговиот пенис, но без да го соблекувате. Земете го во раце и пружете му орално задоволство. После ова сигурно ќе си помисли дека е крајот, но бидете тука има уште... Облечете градник што се откопчува од напред, откопчајте го и токму пред да сврши, со градите фатете го неговиот пенис. Човекот тотално ќе полуди, нема да знае каде се наоѓа.
Вратете ги градите во градникот, приберете го пенисот во гаќите, но соблечете му ги фармерките. Замолете го да седне, потпирајќи се на креветот. Со долна облека на себе, седнете му во скут и почнете да го јавате како кога имате секс. Неговата маица нека биде вашето јаже за контролирање.
Продолжете ја предиграта колку што можете за да создадете несвојствена еуфорија во неговиот мозок. Симнете се од него и многуууу полека соблечете му ја долната облека. Сега вистински играјте си со вашата играчка.



















































