
Мисионерската поза не е соодветна за постигнување истовремен оргазам!
Ако за некои е секојдневие, за други е мит...вака стојат работите со постигнувањето оргазам во исто време. Штом некои уживаат во него, значи не е невозможна мисија. Со совладување на неколку техники несомнено ќе успеете истовремено да свршите. Но, колку вреди таквиот труд за неколку секунди задоволство. Искусните велат дека тоа не смее да се пропушти, а од друга страна навистина нема што да изгубите. Се додека го доживувавте како додатен бонус во сексот, а не како обврска тогаш, сте во сигурна зона.
| 14% од жените доживеале оргазам во исто време со партнерот |
Прашање: ЗОШТО ЈАС И МОЈОТ ПАРТНЕР НЕ УСПЕВАМЕ ДА ДОЖИВЕЕМЕ ИСТОВРЕМЕН ОРГАЗАМ?
Одговор: ПОСТОЈАТ ТРИ ФАКТОРИ ПОРАДИ КОИ ВИ БЕГА ИСТОВРЕМЕНИОТ ОРГАЗАМ:
ЛОШ ТАЈМИНГ...
Клучот за постигнување истовремен оргазам лежи во времето што им е потребен на партнерите за да доживеат стандарден оргазам. Некои жени имаат потешкотии во постигнувањето оргазам, па замислете сега да го забрзате и не само тоа...туку да го израмните со оној на партнерот. Уф, не е лесно да се објасни, па камоли да се изведе. Но, не се откажуваме!!!
ЛОША ПОЗА...
Мисионерската поза е уште една причина поради која ви бега истовремениот оргазам. Длабоката пенетрација не може да ве качи на врвот.
ЛОША ТЕХНИКА...
Третата причина лежи во техниката. Силното и брзото пенетрирање можеби е добро за олимписки и груб секс, но не и за постигнување женски оргазам. Колку се посилни движењата толку се поголеми шансите мажот да сврши пред време.
| 24% од мажите, се изјасниле дека успеваат со партнерката да доживеат оргазам во исто време |
Прашање: КАКО ДА ДОЖИВЕЕМЕ ОРГАЗАМ ВО ИСТО ВРЕМЕ?
Одговор: РАБОТЕТЕ НА ТРИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ФАКТОРИ:
ПРОДОЛЖЕТЕ ЈА ПРЕДИГРАТА...
Сексот е игра за која постојат правила и законитости, оној што мами веднаш излегува од игра. Ако ја прескокнете предиграта или ако мажот не е во состојба да го одложува оргазмот, тогаш слободно збогувајте се од истовремениот оргазам. За жената да успее побрзо да сврши потребно е добро подмачкување. Затоа замолете го партнерот да поработи на вашиот клиторис и да стисне на кочница. Ако се внесе, бомбата ќе пукне предвреме.
ИЗБЕРЕТЕ ДОБИТНА ПОЗА...
Притискањето на едно исто копче не е доволно за победа. Различните пози и играње со рацете е напорно и одзема време, но успехот е сигурен. Потребна ви е поза што дозволува партнерот да си игра со клиторисот и градите. За да си ја олесните работата, додека партнерот пенетрира во вас, вие играјте си со клиторисот (никој не знае подобро од вас каде е најдобро да ве допре). Штом партнерот почувствува дека се ближите кој целта, тој може да ја забрза работата и да ве стаса. Што значи тој нека ве лови вас, а не обратно.
ЗАДРЖЕТЕ ЈА ЕЈАКУЛАЦИЈАТА...
Кога мажот се приближува до оргазам, неговите тестиси се зближуваат до пенисот. Ако препознаете и видите дека оди натаму, со рацете фатете ги тестисите и повлечете ги надоле...така вие ќе го одложите неговиот оргазам. Благиот притисок на точката помеѓу анусот и тестисите има ист ефект. Но, бидете внимателни, предолгото и силно притискање може да биде болно и опасно.



















































