
Бакнежите од партнерот се најдобриот лек против болката на девиците за време на првиот секс!
Не може да очекувате дека на првиот секс ќе пукне огномет, но не оди тоа да го направите без емоции на задното седиште од автомобилот. Тие што поминале знаат, чувството не е ништо особено, убавото доаѓа тек отпосле, но фактот дека е прво го прави незаборавно. Затоа вреди да се потрудите да го направите убав спомен.
Најважно од се е да не комплицирате и да правите драми околу тоа. Не се ориентирајте по некои стереотипи како кревет од рози, посебна долна облека, свеќи и слично...многу поважно е да работите на релаксирање на умот и телото ако сакате да ви биде поубаво. Така дојдовме до 3-те закономерности што секоја девица треба да ги почитува:
ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ, НА ВИСТИНСКО МЕСТО...
Вистинско време не постои, затоа не го барајте. Сторете го тоа кога ќе почувствувате дека сте спремна за одговорноста што ја носи сексот. Да, сексот е уживање се додека водите сметка за здравјето на половиот орган и последиците. Местото е важно, не во смисла на локација (кај него или кај вас) туку колку гарантира интимност. Нема да може да и избегате на нервозата и тремата, но можете да ја намалите доколку не се стегате и плашите дека некој може да влета во соба и да ве прекине. Најпотребен ви е кревет, за да можете целосно да се опуштите и да ја намалите тензијата.
НЕ ЛАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ НЕВИНА!
Постарите девојки имаат навика да лажат за својата невиност, некои од срам други од страв дека можеби момчето ќе се исплаши и избега. Озбилните момци навистина чувствуваат одговорност кон невините девојки, но тоа не значи дека имате право да лажете (и на вас не ви оди во прилог ваквата лага). Доколку му кажете, тој ќе знае како да се постави и да се прилагоди на ситуацијата, а не да се однесува како да води љубов со искусна девојка. Потрудете се да не го покажете стравот во очите, едноставно замолете го да биде нежен.
ДОБРО РАШИРЕТЕ СЕ!
Момчето полесно ќе влезе во вас ако широко ги раширите колковите, а добро ќе ви дојде и перница под задникот за уште полесно да се одвива влегувањето. Продолжете ја предиграта, што повеќе влажност тоа подобро, а во краен случај партнерот може да нанесе и лубрикант. За да му помогнете, со едната рака раширете ги срамните усни, а со другата помогнете му на пенисот полека да влезе во вагината. Штом пенисот влезе во вас, полека притиснете кон доле за да се опуштат вагиналните мускули. Ритамот на сексот нека биде бавен и не трудете се да постигнувате оргазам. Како за прв пат, доволно е само да го смените статусот девица.



















































