
Пружете му визуелен оргазам и мастурбирајте пред него.
Ако никогаш не сте пробале да мастурбирате, или, пак сакате да го направите тоа на начин што ќе ви донесе повеќе задоволство, тогаш ви треба план како и кога да го направите тоа. За почеток, осигурете се дека ќе имате доволно време за себе и дека нема да бидете прекинати.
- Започнете со еден туш или топла миризлива бања. Насапунете го телото насекаде и уживајте во допирите. Полека и нежно допирајте ги градите и гениталиите.
- Избришете се убаво, потоа намачкајте се со омилениот лосион низ целото тело. Застанете пред огледало додека го правите тоа.
- Пуштете некоја музика што ќе ве релаксира.
- Легнете на кревет и употребете огледало за да ги погледнете вашите интимни делови. Разделете ги нозете, земете лубрикант и нежно допирајте се.
- Пробајте наизменично да ги згрчувате и релаксирате мускулите кај карлицата.
- Користете ги прстите. Пробајте да внесете неколку прсти во вагината. Вака ќе знаете дали работите со мускулите. Некои жени доживуваат оргазам ако истовремено ги стимулираат вагината и клиторисот.
- Ако добро работите со мускулите кај карлицата, ќе почувствувате контракции какви што повеќето жени ги чувствуваат кога доживуваат оргазам.
- Ќе забележите и топла сензација во абдоменот. Не престанувајте да се допирате по целото тело. Експериментирајте блиску до отворот на вагината и клиторисот. Стимулирајте се како што вас ви е најубаво. Се додека сте релаксирани, вашите прсти автоматски ќе ги прават правилните потези, со брзина и интензитет каков на вас ви се допаѓа.
- Употребете ја фантазијата. Замислете се како имате сексуални односи со некој атрактивен маж на место што ве возбудува. Замислете го секој детаљ. Не ограничувајте се!
- Додека се допирате можете да погледнете и некој добар порно филм или порно списание. Тоа дополнително ќе ве возбуди.
- Ако вашата сексуална тензија почне да се покачува, не прекинувајте со допирите. Ако не доживеете оргазам, одеднаш ќе се почувствувате уморни и ќе посакате да престанете. Не грижете се ако се случи тоа - може и повторно да се обидете.
- За некои жени не е доволна само стимулацијата со прстите - тие сакаат и сексуални играчки. Вибраторот може да биде многу корисен, особено за оние жени кои потешко доживуваат оргазам.
Ако ги следите инструкциите ќе можете полесно да научите да мастурбирате. Но запомнете, ова се само обични инструкции. Само експериментирањето ќе може да ве доведе до поголемо задоволство.



















































