
За да не чекате цела седмица да бидете со љубениот, сексот оставете го за оние денови кога менструалниот циклус не е толку јак.
Девојките по природа се гадливи и пребирливи. Но, кога станува збор за секс за време на менструалниот циклус, мажите многу повеќе се гадат од жените. За тоа нема потреба. Таквиот секс е подобар и има многу позитивни страни.
СЕКСОТ ЗБЛИЖУВА
Сексот во деновите кога менструацијата е јака не е препорачлив, но затоа во тие денови може да се пробаат некои нови техники и да се усовршите во оралното и рачното задоволување на партнерот. За да не чекате цела седмица да бидете со љубениот, сексот оставете го за оние денови кога менструалниот циклус не е толку јак.
АЛЧНИ ЖЕНИ
Жените за време на менструација се поалчни. Поради зголеменото крвавење на матката, жените повеќе се возбудуваат од самата помисла на сексот и сметаат дека тогаш е најдобар. За време на менструацијата се случуваат измени во телото на жената, па затоа тие имаат поголема потреба за секс. За време на циклусот, вагината постојано е влажна, со што се олеснува пенетрацијата.
ПОМАЛИ ШАНСИ ЗА БРЕМЕНОСТ
Ризикот за забременување е помал при сексот за време на менструалниот циклус. Ова не значи дека воопшто нема ризик. Најплоден период за забременување е овулацијата која се случува помеѓу две менструации, но за време на менструалниот циклус жената не овулира. Затоа шансите за забременување се помали.
Жените со нередовна менструација треба да користат заштита поради неможноста да се пресмета периодот на овулација.
СЕКС ПРОТИВ БОЛКИ
При оргазмот се испушта ендорфин - хормонот на среќа, кој за некое време ќе ја прекине болката. Поради интензивното притискање на матката со пенетрацијата, се испушта повеќе крв па затоа понекогаш можат да се скратат деновите предвидени за менструација.
При сексот за време на менструален циклус се зголемуваат шансите за добивање на сексуално преносливи инфекции и болести, затоа при секој сексуален однос користете заштита.



















































