
Секако дека треба да користите лубриканти само со препорака на гинеколог. Не треба да го земете првото нешто што ќе го фатите при рака.
Лубрикантите во последно време сè повеќе се застапени. Можат да се најдат на многу места, па дури и во најобични продавници. Често се користат, но останува прашањето дали се здрави или можат само да направат дополнителни компликации?
Лубрикантите се помагала за жените кои имаат проблеми со навлажнување на вагината, па и со постигнувањето оргазам. За да не дојде до распукување на кожата на вагината со нејзината сувост, па дури и до пукање на презервативот, се користат лубрикантите.
Секако дека треба да користите лубриканти само со препорака на гинеколог. Не треба да го земете првото нешто што ќе го фатите при рака.
Доколку ви наброиме од што се составени лубрикантите, ќе си помислите дека ви кажуваме рецепт за хемиско оружје.
Но, постојат и такви лубриканти кои се направени повеќе на природна база. Ваквите лубриканти, направени од масла од сибирски стебла и други егзотични состојки, можат да се најдат само на интернет или во специјални продавници. Тие немаат штетни состојки што уште повеќе ќе ви го зголемат проблемот, туку напротив, можат дури и да помогнат. Некои производи ветуваат зголемено влажнеење, исцелување на кожата и заштитното, осетливо ткиво, спречување на ширење на бактерии...
Покрај тоа, одредени лубриканти се поволни и за влажнеењето на кожата на лицето и телото.
Сега веќе можете да најдете секакви лубриканти во зависност од самиот секс. Ви е гарантирано целосно влажнеење дури и при некој маратонски секс.







































