
Жената секогаш треба да има право да каже „не“ и при тоа мажот не треба да се налути.
За време на бременоста, жените најчесто избегнуваат да имаат секс со партнерот поради стравот дека нешто може да му се случи на бебето.
Сексот е одличен начин за партнерите да останат интимни за време на бременоста. Најчесто е сигурен доколку се придржувате до следниве правила:
- Најубаво е жената да биде врз мажот или пак да лежи на страна, а партнерот да пенетрира одзади.
- Треба да се избегнуваат сексуалните игри со вода и воздух и било кои други сексуални играчки.
- Жената секогаш треба да има право да каже „не".
- Доколку медицинските лица ве советуваат да немате однос, тогаш навистина избегнувајте го.
- Избегнувајте сексуален однос, доколку било кој од партнерите имаат сексуално преносливи болести.
- Доколку за жената постои голем ризик од предвремени болки, избегнувајте оргазам или однос со партнерот се додека докторот не ви одобри. Во вакви случаи треба да се избегнува дури и стимулација на брадавиците.
- За време на сексот, мажот треба да покаже многу нежност, разбирање и креативност.



















































