
Девојки, имајте на ум дека природниот мирис на жената е најпривлечен за мажите.
Постојано слушате како вашите пријателки уживаат во сексот со нивните партнери и колку лесно постигнале оргазам. Сигурно и вие посакувате оргазамот да го доживеете исто толку лесно како и нив. Кога ќе го чуете тоа од нив изгледа премногу лесно, но како да постигнете таков оргазам?
Подгответе се за зајакнување на сите сетила за да може да стигнете до крајниот ефект - вулкан од задоволства. Допирот треба да биде последното сетило кое ќе го искористите за конечно да ги соедините сите сетила и да доживеете фантастичен оргазам.
ВИД
И жените, како и мажите, се возбудуваат кога ќе се видат себе и партнерот во некоја интересна поза. Гледањето на партнерот е возбудливо, но уште повозбудливо е кога ќе се видите заедно со партнерот во акција. Најдобар начин за тоа е да имате секс пред огледало. Гледањето како вашиот партнер ги движи неговите раце по вашите гради и стомак ќе ве возбуди и ќе поттикне дивата личност да излезе од вас.
МИРИС
Деловите во мозокот, што ги контролираат мирисот, помнењето и сексуалното возбудување се тесно поврзани. Доколку ви се наоѓа при рака некој ваш стар парфем, што го возбудувал партнерот, прснете малку на креветот и ќе се сетите како ви било на почетокот на врската.
Чистото машко тело со малку парфем е возбудлив за жената.
Девојки, имајте на ум дека природниот мирис на жената е најпривлечен за мажите.
ВКУС
Чоколадите и другите афродизијаци се корисни за подобар оргазам. Се што треба да направите е да си играте со храната и тоа да го комбинирате со неколку нежни бакнежи.
СЛУХ
Многу девојки се возбудуваат кога ги откриваат ерогените зони на машките. Уште повеќе се возбудуваат кога ги слушаат воздишките на нивните љубени. Затоа девојки, дајте им на знаење на вашите партнери дека не е лошо ако воздивнуваат. Само така ќе знаете дали му е убаво или не.
ДОПИР
Женските ерогени зони се следните: врат, уши, брадавици, дланки, внатрешната страна на колената, бутините, внатрешната страна на рацете... и секако сите овие делови заслужуваат нежни допири, бакнежи и грицкање.
Машките исто така сакаат бакнежи во вратот, брадавиците и допирање на нивниот пенис.



















































