
Доколку токму во најтоплите денови почувствувате желба за секс, претходно погрижете се до креветот да имате шише со вода.
Летото е најжешкото годишно време. Некогаш е толку топло што не ви се прави буквално ништо. Па дури не сакате ни да имате секс со партнерот.
Погрижете се да не го запоставите партнерот, да имате добар секс во текот на целото лето и да ви биде жешко на друг начин.
Изберете правилно време
Идеално време за секс во летните денови е утрото кога сонцето не е толку јако. Доколку се уште не сте на одмор, навијте го алармот еден час порано и пружете си добар утрински секс. Исто така добро време за секс е во вечерните часови кога ќе зајде сонцето. Најпрво отворете ги сите прозори за да влезе воздух во собата, а доколку имате голем балкон, можете да се преместите таму.
Пијте многу вода
Сексот во топлите летни денови знае да биде малку напорен. Затоа е многу важно да внимавате на својата исхрана. Избегнувајте ја масната храна и топлите супи и повеќе внесувајте свежо овошје и зеленчук. Исто така, водата е многу важна во овие денови. Доколку токму во најтоплите денови почувствувате желба за секс, претходно погрижете се до креветот да имате шише со вода. Правете паузи за да се напиете вода. Дури водата можете да ја искористите за да ја зачините предиграта со тоа што ќе се полевате со вода. Во овие денови, сексот под туш е доста супер идеја.
Користете клима уред
Сексот под клима уред не претставува никаков проблем. Но, внимавајте да не претерате со високите температурни разлики, па да настинете. Доколку немате клима уред, вентилаторот ќе заврши работа. Наместете го да дува во оној правец во кој ќе имате секс, но секако не директно во вас.



















































