
Пратете му порака што сакате да му правите кога ќе се видите. Не заборавате да му пишете и што сакате тој да ви прави вам.
Предиграта не е само безначајна подготовка за секс. Таа понекогаш може да биде експлозивна, дури и повеќе од тоа што сме ја замислувале. Но, дали знаете што сакаат тие? Кои ваши потези можат веднаш да го запалат?
Милувајте се
Нема ништо посекси за машко од тоа да ја гледа својата партнерка како се милува пред него. Полека соблекувајте се, милувајте се, уживајте во тоа и не заборавајте ги секси погледите упатени кон него се разбира.
Самото исчекување да ве види гола ќе расте и кога конечно ќе го дочека тој момент, единственото нешто што ќе сака да го направи е да ве грабне и да ве задоволи.
Заводлива порака
Пратете му порака што сакате да му правите кога ќе се видите. Не заборавате да му пишете и што сакате тој да ви прави вам. Кажете му дека вечерта ја чекате со нетрпение. Верувајте дека тој нема да ја дочека вечерта и ќе скрати неколку часа.
Гола под капутот
Договорете романтична вечер во некој ресторан. Цела вечер не го соблекувајте капутот. Кога ќе ве праша зошто не го правите тоа, кажете му дека ја носите само неговата омилена долна облека. Десертот со сигурност ќе го добиете дома...
Шепотење на уво
Додека сте на ручек, кај твоите или неговите родители, шепнете му дека сте добиле ненадејна желба за секс и дека сакате тоа да го направите во тоалетот. Во тој момент, верувајте дека нема да му се јаде повеќе. Ќе почне да смислува начини како побрзо да ве однесе до посакуваната дестинација.
Пречекајте го гола
Јавете му се и кажете му да дојде да ве посети. Навестете му дека не сте расположена буквално за ништо и дека сакате да гледате некој филм за кој сте сигурна дека тој не го сака. Кога ќе заѕвони на вратата, најпрво проверете дали е тој, а потоа нежно кажете му да влезе. Нека остане занемен од глетката која ќе го пречека.
.gif)






















.gif)
























