
На одмор, паровите се безгрижни и практикуваат повеќе секс во јавност без да се грижат дали ќе ги начека некој роднина или близок пријател.
Сексуално разиграните парови постојано експериментираат во сексот. Никогаш не практикуваат само еден вид на секс. Сакате ли и вие и партнерот да станете дел од сексуално разиграните парови?
Кои видови на секс треба често да ги практикувате?
Проширете ги видиците
Во многу долгогодишни врски, сексот може да стане здодевен и монотон. За да не стигнете до оној степен кога ќе барате друг партнер чисто за сексуални потреби, обидете се заедно со сегашниот партнер да експериментирате. Поместете ги досегашните граници и заедно проширете ги хоризонтите. На тој начин уште повеќе ќе се зближите.
Одморот е идеално време за...
Сексот за време на одмор е витален за добри и здрави сексуални односи. На одмор, паровите се безгрижни и практикуваат повеќе секс во јавност без да се грижат дали ќе ги начека некој роднина или близок пријател.
Доколку во врската и сексот започне нешто чудно да се случува, можеби е време за годишен одмор.
Кога сте тажни...
Кога сте депресивни, тажни или пак осамени, сексот е најдобро решение за подобрување на чувствата. Доколку не ви се разговара, можете да најдете улога во нежниот секс исполнет со премногу љубов.
„И јас те сакам тебе!“
Иако вреди правилото дека паровите не треба да си легнат во кревет лути, токму лутината може да биде онаа која ќе ги доведе до незаборавен секс. Енергијата која ја имаат партнерите за време на караница, наеднаш прераснува во агресивна страст, која на крајот ќе ве смири со партнерот и ќе ве задоволи како никогаш досега.
„Обврска ми е да...“
Многу го делат мислењето дека треба да имате секс кога постои вистинска атмосфера и расположение за тоа. Но, доколку сите чекаме на тоа, никогаш нема да имаме секс.
Доколку ги нема потребните услови за секс, тогаш настапува таканаречениот секс од обврска. Тоа значи дека како негова партнерка, ако тој има желба за секс, а вие не, сеедно имате секс затоа што сакате да го задоволите и тоа го чувствувате како своја обврска.
Се чувствувате секси
Без разлика колку време се знаете и колку долго сте заедно, морате некогаш да имате див секс. За оние со долгогодишни врски, дивиот секс е како повторно да сте на почеток на врската.
.gif)






















.gif)
























