
Педесет проценти од мажите помеѓу 40 и 70 години страдаат од еректилна дисфункција, споредбено со само 7 проценти од мажите на возраст од 18- 29 години.
- Мажот може да доживее од 0, па до дури и повеќе од 15 ерекции на ден. Тоа зависи од многу фактори, како годините, здравјето, лекарствата, расположението и колку е стимулиран. Но во текот на спиењето, здравите мажи доживуваат во просек 3 до 6 ерекции, од кои некои траат и по 30 минути. Необични секс вистини, зар не?!
- Никој не знае сигурно дали обрежувањето прави разлика во задоволството на мажот. Кожичката од пенисот е полна со нервни завршетоци , па необрежаните мажи е можно да се почувствителни. Исто така бидејќи главичката од пенисот кај обрежаните мажи е секогаш изложена може да е помалку чувствителна од оние кои излегуваат само за време на ерекција. Меѓутоа не може да се каже дека има разлика во задоволството бидејќи повеќето мажи велат дека чувството при секс е одлично.
- Ако сакате да спречите тој прерано да ејакулира, најважно е да не му правите стресови околу тоа. Може да помогнете со фокусирање на предигра во која нема да биде вклучен неговиот пенис. Кога ќе се префрлите на секс, пробајте да го одложите неговиот оргазам со методот стискање: Кога вашиот партнер ќе почувствува дека ќе сврши, тој запира и го притиснува неговиот пенис под главата додека да помине чувството и процесот се повторува се додека не посака да сврши. Друго мислење е тој да сврши еднаш пред да имате секс бидејќи мажите имаат повеќе контрола вториот пат. И ако ништо од ова не помогне тогаш нека се консултира со доктор за лекарства кои ќе му помогнат да издржи подолго.
- Воопшто не е чудно ако вашето момче може да доживее оргазам само со орален секс, а не и со секс. Устата може да стори повеќе од вагината. Ако сакате да доживее оргазам додека имате секс замолете го да ја намали фрекфенцијата на мастурбациите. Ако тој постојано гледа порно, може да го направи понечувствителен, па да му биде потребно повеќе за да се возбуди. Пробајте дали ова ќе направи разлика.
- Нема многу разлика во физичкиот изглед на еректиран пенис после 18 годишна возраст. Но како мажот старее, хормоните крвните и нервните промени може да одведат до намалена чувствителност на пенисот, еректилна дисфункција или ниско либидо. Педесет проценти од мажите помеѓу 40 и 70 години страдаат од еректилна дисфункција, споредбено со само 7 проценти од мажите на возраст од 18- 29 години.
- Мажот може да доживее оргазам, но да не ејакулира. Тој може да има една проблем кога ејакулацијата тече во мочниот меур низ наместо надвор од пенисот. Ова може да е последица од некоја медицинска состојба, операција или лекарства. Не е опасно, но сепак треба да се посети доктор.
.gif)






















.gif)
























