
И врескањето е дел од сексуалната игра, но овој еротски звук може да биде многу непријатен.
Какви звуци испуштате кога водите љубов или пак какви звуци испуштаат останатите девојки, сигурно ве интересира... Од вресок, па до екстремна тишина се е на листата на женските реакции.
Еве ги четирите ситуации. Сигурно ќе се пронајдете во една од нив!
Забрзано дишење
Воздишките се најчестиот облик за искажување задоволство со текот на сексуалниот однос. Со помош на овој страстен звук можете да откриете дали сте го направиле вистинскиот потег или пак на партнерот да му дадете до знаење дека го допрел вистинското место. Забрзаното дишење пред врвот на сексуалната игра може да му помогне на партнерот да го одржи континуитетот на оваа страсна игра.
Вресок
И врескањето е дел од сексуалната игра, но овој еротски звук може да биде многу непријатен особено ако живеете во стан со тенки ѕидови. Жените со својот вресок го опишуваат своето доживување при оргазмот. Но постојат мажи кои ваквиот начин на изразување на задоволство го сметаат за иритирачко и неподносливо, па ако и вие спаѓате во оваа група намалете го тонот со помош на перница или пак пробајте да се контролирате. Стишувањето на партнерот со нежен притисок од раката преку усните исто така може да ја распламти страста.
Смеење
Иако е нешто поретко од претходните постојат луѓе кои на врвот на страста едноставно почнуваат да се смеат. Ако сакате да го задржите партнерот пред самиот чин предупредете го за овој необичен начин на изразување на вашето уживање затоа што во спротивно сексуалното задоволство за миг би можело да исчезне.
Тишина
Ова е уште една екстремна ситуација која може да испрати погрешна порака. Жените кои за време на сексуалниот однос не произведуваат никакви звуци, на прв поглед може да изгледаат ладно и незаинтересирано. Не ги потиснувајте своите емоции затоа што целта на страсното водење љубов треба да биде максимално задоволство. Ако ви е неудобно поразговарајте со партнерот и решете ги евентуалните несогласувања.
.gif)






















.gif)
























