
Ако тој прелетува преку предиграта, не кажувајте му директно да забави, туку секој пат кога ќе забрза тргнете го на неколку секунди.
Не обидувајте се да смените се преку ноќ! Ако не сте задоволни од неговата сексуална изведба време е да ги преземете работите во свои раце и да размислите кои се причините за лошиот секс.
Фокусирајте се на внесување нешто ново во вашиот љубов живот за да ја разбудите страста, можете да го изненадите со носење на еротско видео дома или изненадно кратко бегство со вашиот партнер во локалниот хотел.
Бидете искрени, го сакате вашиот партнер, но сигурно има неколку работи кои би сакале да ги прави поинаку под чаршафите. Ако сексот ви стана по малку предвидлив еве добри вести: Можете да го направите вашиот партнер подобар љубовник, без да го оштетите неговото его (сетете се тој од срце ви приготвува палачинки). Еве како да ги промените работите – вечерва!
Споменете го проблемот надвор од спалната!
Пробајте пред него да го споменете проблемот, што би сакале да промените, но правете го тоа надвор од спалната соба. „Прашајте го што сака, а што не, во врска со сексот, па така ќе создадете простор да ги отворите своите мисли“, советува секс терапевтот Gail Wyatt.
Презакажете, но не одбивајте секс!
Се чувствувате како сексот секогаш да се случува во исто време секоја седмица? На пример во 9 наутро во сабота. Разбијте ја рутината и кажете му дека не сакате утрото секс, но би имале во било кое друго време од денот.
Исто така не кажувајте директно „не“, туку тоа нека биде некоја поблага форма како на пример „не се чувствувам секси сега, ајде ќе ги ставиме децата порано во кревет вечерва, па ќе се тушираме заедно“. Презакажете, не одбивајте!
Прекинете ја рутината на кратка секс партија!
Кратката секс партија пред спиење стана навика? Сите сме презафатени деновиве, но тоа не е оправдување да не забавиме и да уживаме во најубавите задоволства на животот.
Ако тој прелетува преку предиграта, не кажувајте му директно да забави, туку секој пат кога ќе забрза тргнете го на неколку секунди, повторувајте го тоа додека е потребно, тој ќе ја сфати поентата. Испланирајте еден час насамо наутро пред да станат децата. Лош секс плус добар брак е реткост.
Насочете го со допири и нежни зборови!
Ако тој не ве допира точно на вистинското место, земете ја неговата рака и ставете ја каде сакате. Нежно мрдајте ја неговата рака и шепотете „Чувството е навистина прекрасно, можеш ли да го правиш ова малку побрзо?“
Мажите не се читачи на мисли, па насочете ги.
Не се откажувајте по првата две-минутна партија!
Дали се смеете кога ќе ги чуете стиховите на некоја песна за водење љубов во текот на целата ноќ?
Ако вашиот партнер не може да издржи многу долго, имајте една кратка партија, а потоа потрудете се околу подолгата втора партија. Тој се уште ќе закрепнува од првата, а вие ќе уживате во своето време.
Или друго решение е прво да мастурбирате заедно, а возбудата од гледањето ќе ве расположи за втората партија. Нема да бидете повеќе со две-минутен маж.
.gif)






















.gif)
























