
Можеби огромните гаќи ви се чинат како удобни и лесно се перат во машина бидејќи се од памук, но него најверојатно ќе му изгледаат застрашувачки.
Иако го бие глас за нивната нескротлива желба за секс и дека се спремни за акција 24/7 сепак со вашите постапки можете да го намалите нивното либидо. Видете што се е забрането да направите или кажете за време на секс.
Стоп за непотребните прашања!
Се што сака да чуе како прашање за време на секс е дали сакате да го земете во уста или пак меѓу вашите гради. Сите останати прашања како дали ја платил сметката за струја денес или пак дали во недела сака да одите на ручек кај вашите родители се строго забранети за време на секс!
Стоп за премислувањето за време на акцијата!
Предиграта веќе е во полн ек, а страстите на највисоко можно ниво, а вам во последен миг ви текнува на заборавениот неодложен телефонски повик. Можеби во тој миг тоа ви делува како екстремно важно, но подобро би било ако причекате до крајот на сексот. Вашиот партнер повеќе од сигурно е дека нема да биде среќен ако така возбуден го оставите и заминете да ги завршите обврски.
Стоп за глумата!
Можеби мислите дека мажите не ги забележуваат промислените звуци, лажното задоволство и оргазам, но факт е дека ситуацијата е поинаква. За врската може крајно негативно да делува ако за време на сексот секогаш го глумите вашиот оргазам бидејќи на лагата и се кратки нозете и кога вашиот партнер ќе открие дека сте добра актерка сигурно нема да биде воодушевен и да ви додели Оскар.
Стоп за критиките!
Дури и во миговите кога неговите прсти се пребрзи или негови бакнежи пресилни, за време на сексот сигурно не е време за лекции. Подобро би било отколку да му говорите што не ви се допаѓа, неговите бакнежи и прсти да ги померите онаму каде вам ви се допаѓа, а со допирот на вашите прсти за го забрзате или забавите неговото темпо. Ако проблемот е голем, тогаш почекајте го соодветното време и надвор од спалната кажете му ја вашата добронамерна критика.
Стоп за криењето под покривката!
Можеби сте срамежлива девојка, но таа работа со срамежливоста подобро е да ја решите на некое друго место, а не во креветот. Партнерот сигурно нема да биде воопшто воодушевен ако до вашето тело мора да пробива преку бројни слоеви на прекривки, чаршафи и ќебиња. Не срамете се од голотијата, дури и да мислите дека имате преголем задник. Вашиот партнер во тој миг сигурно нема да ги забележи оние грамови маснотии кои во текот на зимата се наталожиле на вашето тело.
Стоп за бабинската долна облека!
Можеби огромните гаќи ви се чинат како удобни и лесно се перат во машина бидејќи се од памук, но него најверојатно ќе му изгледаат застрашувачки. Сигурно ќе му ги вратат спомените од гаќите од баба му, кои ги видел како се сушат на жицата закачени со три штипки. Гигантската памучна долна облека е дефинитивно убиец на страста! Одберете нешто удобно, но и секси едновремено.
.gif)






















.gif)
























