
Најчестиот избор на локација за секс се сведува на спалната, а најцрната дамка во неговото досие е недоволната отвореност за почесто иницирање на секс.
Во вашето љубовно досие, кое дури и да се сведува на само двајца сексуални партнери, сигурно можете да направите разлика помеѓу искусниот и неискусниот партнер. Едниот покрај пеперутки во стомакот, ви предизвикуваше и грчење на целото тело секој пат кога ќе ве допреше, а другиот беше неспретен да тргне во акција се додека вие не го земевте диригентското стапче во своите раце.
Да погледнеме што имаше искусниот, а очајно му недостигаше на неискусниот љубовник.
Како делува искусниот страстен љубовник?
За него воопшто не претставува проблем да купи килограм јаготки и со трпение од нив една по една да ги вади дршките. Сето тоа го залива со шлаг и прелив, а вашето либидо како лудо го притиска таванот.
Тој е доволно искусен да знае дека она што за мажите се порно филмовите, за жените се вниманието и нежните, романтични изненадувања.
Тој на уво ви говори дека сака да води љубов со вас, а потоа ниту спалната, ниту кујната, ниту балконот не се доволно широки за неговите креативни идеи.
Сосетката која живее кат подолу и оваа ноќ тропка со бастунот по таванот, да ве предупреди да го намалите тонот на вашите игри, но следното утро пак насмеано ве гледа со поглед кој кажува „млади луди денови“.
Дури и фотелјата со ситни топчиња морска пена, иако на моменти се кривеше и ја губеше формата, за вас беше најслаткото љубовно гнездо, бидејќи тој во секој миг знае каде да ве допре или мажествено да ве поткрене и спушти.
Тој иницира секс секаде и во секое време! Често знае да ве изненади во дискотеката со непристоен предлог ненадејно да го напуштите друштвото и без поздрав да заминете во вашето љубовно гнезденце, а потоа ако се уште имате енергија, дури и да се вратите да го фатите крајот на забавата.
Како делува неискусниот повлечен љубовник?
Ни под разно не знае да подари цветче, а не пак да ви каже „те сакам“ во вистинскиот момент. Маската на мажественост го прави неспретен во женскиот свет, односно неговиот плен во текот на животот е повеќе од сиромашен, и се од причина што не знае што жените сакаат да чујат.
Неискуството, нормално, му носи и помалку сексуална спретност.
Многу побргу стигнува до својот оргазам, а неговата партнерка е неретко оставена на половина пат.
Најчестиот избор на локација за секс се сведува на спалната, а најцрната дамка во неговото досие е недоволната отвореност за почесто иницирање на секс.
Ако случајно сте затворена девојка која се срами да говори на оваа тема и наидете на ваков партнер, тогаш подобрување на сексуалната ситуација во врската ќе ви биде повеќе од тешко. Затоа земете пример од вашата колешка, која без влакна на јазикот на работа ги искажува најскриените сексуални фантазии и искуства, и можеби не во таа мерка, но барем пред партнерот кажете што сакате, кога сакате и како сакате.
Практикувајте секс во секоја можна пригода и работете на неговото опуштање. Гледањето на порно филмови заедно ќе ја поттикнат неговата фантазија, а сигурно нема да му наштетат ниту на вашето либидо.
Со милувања и бакнежи научете го овој повлечен љубовник дека сексот не е само чин кој треба набрзина да се заврши, туку е водење на љубов, милувања и бакнувања за кои и цела ноќ е премалку. Не дозволувајте сексуална пустина во врската!
.gif)






















.gif)
























