na_treva_se_bacuvaat_na_velikoНормални работи во врска
Постојат некои работи кои мислите дека во врска не треба да бидат такви, но всушност треба...
attackНе бидете жртва на силување!
Најдобрите начини за намалување на опасноста од силување...
romanticen_baknez5 митови за романтиката
Жените колку и да се храбри и моќни, на крајот од денот се очајни за романтика.
naked_lllКако да мастурбирате?
Погледнете го следниот водич што ќе ве доведе до големо задоволство.

Неморална Vs. Фраер

nemoralna1

Ако му ја кажете вашата бројка од 6 сексуални партнери на пример, тој веднаш ќе помисли „Па ако таа спиела со 6 пред мене, тогаш таа љубела 6 пред мене.“

Сигурно и вам ви се случило да се згрозите од муабетот на некој од вашите другари: „Ако не си кажал тогаш е исто како да си немал секс.“ Низ глава ви прелетуваат илјада и една мисла дека сигурно и вашиот партнер на своето мени го има овој пофалнички говор пред своите другари, а вашите игри од спалната излегле пред очите на неколку сеирџиски настроени мажи.

Но подзастанете веднаш и сетете се на сите сочни детали кои и ги прераскажавте на вашата најдобра пријателка со утринското кафе. Па и вие ги изнесувате интимните тајни пред туѓи очи, но можеби само во многу помал круг.

ВИЕ:   Страв од стереотипи!

Она што ве загрижува сигурно се стереотипите, кои и тоа како ги параат нашите простори, па така мажот кој сменил многу сексуални партнерки е фраер, а девојката која го сторила истото е неморална. Тоа е тој балкански менталитет и трач партиите. Машките коментари доаѓаат толку ниско што жената станува објект кој се споредува со автомобил, на кој драстично му се намалува цената уште по првиот сопственик, а не пак ако се сменат десетина.

Вам не ве плаши бројката на нивни сексуални партнерки, бидејќи јасно ви е дека кај нив љубовта и сексот не одат секогаш во пакет, па така се тешите со мислата дека вие сте онаа која вистински ја љуби, а со сите останати било само секс. Додека во нивната глава ситуацијата е сосема спротивна.

ТОЈ:   Стереотипи од страв!

Ако му ја кажете вашата бројка од 6 сексуални партнери на пример, тој веднаш ќе помисли „Па ако таа спиела со 6 пред мене, тогаш таа љубела 6 пред мене. Како можам да бидам сигурен дали ме сака? Како со душата и телото можела да се предаде на толку мажи? Дали со нив уживала повеќе отколку со мене? Дали се подобри љубовници? Што ако ме изневери со некој поранешен? Што ако во друштвото ги фали сексуалните изведби на поранешниот, а се потсмева на моите?“ и редица други прашања во кои за миг се раѓаат сите негови стравови и сомнежи.

Нивниот страв ги прави приврзаници на стереотипи! Жена која спиела со 6 мажи, за разлика од жена која спиела со 1 маж може да направи реална проценка на неговите сексуални способности. Ако тој е првиот и единствениот тогаш во вашата глава сигурно е и најдобриот. Додека пак искуството ве прави компетентна да направите разлика помеѓу искусниот и неискусниот сексуален љубовник. Токму поради ова на жената со повеќе сексуални партнери тие веднаш и припишуваат лоши атрибути.

Да си се советуваме сами...

Време е да прифатиме дека се заљубуваме и одљубуваме, дека љубовта не е вечна и дека некогаш мажите не гледаат само како сексуален објект. Но сепак во партнерските односи мора да пристапите без страв, морате да му верувате на партнерот затоа што довербата раѓа доверба. Кажете му се и отворете се целосно затоа што само на тој начин ќе ве запознае и љуби како човечко суштество со сите ваши маани.

Бидете гурман во сексот, истражувајте заедно со вашиот партнер и уживајте во оваа игра на телата и духовите!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?