
Ако навистина сакате да ја измешате храната со задоволството, хранете се меѓу себе или ставете по другите делови од телото.
Партнерот ви подготвил романтична вечера која на крај сака да ја зачините со шлаг и чоколаден прелив по телото или со мед и вотка, но дали да ги прифатите овие чудни комбинации или да останете само на добро проверената коцка мраз?
Тоа и уште многу повеќе следува подолу. Секс дилемите откриени!
Постои ли храна со чие консумирање долу ќе имам одличен вкус?
Па одличен можеби не, но постојат продукти кои можат малку да го подобрат вкусот. Овошјето и зеленчукот, како ананас и целер, и даваат на вашата вагинална течност поблаг вкус.
Местото, рибата и млечните производи од друга страна го имаат спротивниот ефект како и лукот, зачините и кофеинот. Со пиење на многу вода ќе ги отстраните сите загрозувачи.
Маслата исто така се решение, но внимавајте тие да не навлезат во вагината каде што може да предизвикаат иритација.
Дали е вистина дека на некои жени им мириса на риба?
Сите жени имаат вагинален мирис. Тоа е сосема природно и не треба да ви предизвика стрес. Всушност повеќето мажи се палат на тој мирис.
Но ако забележите дека вашата вагина мириса невообичаено лошо и силно после секс или после миењето со сапун, тогаш најверојатно имате некоја инфекција и треба да посетите гинеколог.
Дали спермата здебелува?
Воопшто не. Просечната ејакулација е отприлика колку мала кафена лажичка. Содржи сперма, шеќери, протеини и вода и има само 7 калории.
NotForMen препорака: Штедете со помош на секс!
Тој сака анален секс, дали ќе имам некои проблеми ако влезе на задната врата?
Аналниот секс всушност не е проблем, но постојат некои работи за кои треба да бидете свесни пред да го прифатите овој предлог.
Аналниот отвор е тесен и нема природно подмачкување како вагината, па аналната пенетрација може да предизвика мали гребнатини, а поради присуството на бактерии има шанса овие гребнатини да се инфицираат.
Затоа користете многу лубрикант, па и кондом. Пред чинот испразнете ги цревата и потсетете го вашиот партнер да го измие пенисот пред да помине од анален на вагинален секс.
Имам оргазми постојано, без разлика дали сум во фитнес центарот или седам на моето биро. Дали нешто не е во ред со мене?
Среќна девојка! Многу жени имаат проблем воопшто да доживеат оргазам, значи животот навистина не е фер.
Но сериозно, спонтаните оргазми, тие без директна генитална стимулација, не се чести. Некои жени ги доживуваат со помош на еротски мисли. Други додека имаат индиректна стимулација како возење велосипед или кивање.
Некои антидепресиви можат да го имаат овој среќен пропратен ефект, но тоа трае само неколку недели. Но ако не сакате ова да ви се случува следниот пат за на фитнес облечете два пара гаќички за да ја заштитите областа.
Дали е опасно да си играм со храна за време на секс и да ја ставам во мојата вагина?
Искрено, најдобро е да не ставате ништо таму. Вагиналните бактерии обожаваат да се хранат со шеќер, па јадењата со висока содржина на шеќер како чоколадни преливи, засладени креми, мед и овошје не се баш соодветни за таму.
Ако нешто остане по сексот или не е измиено доволно брзо бактериите ќе започнат да го јадат и ќе растат, што води до инфекција. Исто така шеќерот може да ви ја поремети pH вредноста во вагината.
Ако навистина сакате да ја измешате храната со задоволството, хранете се меѓу себе или ставете по другите делови од телото јагоди покриени со чоколадо, па потоа преминете долу на бизнисот.
.gif)






















.gif)
























