
„Да не знаете што сакате воопшто не е секси. Изберете фантазија која никогаш не сум ја чул и кажете ми да не се воздржувам!“
Во екот на празниците ќе ви ги откриеме неговите секс желби за новата година.
Без разлика дали тој е веќе ваш сопруг или ви е тазе момче, се што посакува меѓу чаршафите ќе ви сервираме сега. Тие сами ни се разголија!
Што сака најмногу?
Сингл:
Внимание на деталите! Бидејќи сме си нови еден на друг еве еден совет: Грбот на секој маж му е навистина чувствителен дел.
Женет:
Секс за помирување, но без кавга претходно! Дури и малку ќе попуштам ако тоа води кон галење и потење цела ноќ еден со друг.
Со орален секс, тој навистина сака...
Сингл:
... уште, молам. Сите момци велат дека чесно го даваат својот дел во ова, но глобалните статистики покажуваат дека жените им го скратуваат ова задоволство на мажите. Дами, па не и штетете повеќе на секс економијата!
Женет:
... да го правите ентузијастично како и првиот пат. Сетете се... сетете се.. да, токму така!
NotForMen препорака: 4 тајни секс фантазии на мажите
Ве молам, носете...
Сингл:
... мојата маица за работа наместо вашата наметка. Така ќе ја облечам и ќе мирисам на вас цел ден.
Женет:
... нешто посензуално од стари шорцеви и Hello Kitty маица. Како и да е и јас ветив дека ќе се поправам на тоа поле.
Преземете контрола во креветот...
Сингл:
... инструкции. За да знаеме што ви одговара, а што не потребно ни е упатство. Сакате да ни го кажете тоа визуелно? Уште подобро! Ако чујам дека го правам тоа правилно, тоа значи дека ќе има повеќе од тоа наредниот пат.
Женет:
... испишано изненадување. Да не знаете што сакате воопшто не е секси. Изберете фантазија која никогаш не сум ја чул и кажете ми да не се воздржувам!
Каде сака да го прави тоа...
Сингл:
Вашата канцеларија! Бидејќи веќе имавме секс во мојата.
Женет:
Повремено на некое друго место освен онаму кај што плаќаме сметки, миеме садови и се дружиме пред утринското кафе.
.gif)






















.gif)
























