
Љубителите на сладоледот од чоколадо се страствени луѓе кои обожаваат да уживаат, како во добриот вкус на храната, така и во сексот.
Не е вистинската сезона за ова слатко задоволство, но сладоледот никогаш не излегува од мода, па ќе го споменеме и во овие зимски денови. Сетете се само на трите топки кои дискретно ви се насмевнуваат под чоколадниот прелив и дробените кикиритки.
Ви го отворивме апетитот? Да, признаваме, виновни сме! Но можеби сега ќе ви го отвориме апетитот и за нешто друго.
Вашиот омилен вкус на сладолед ве разоткрива во креветот и љубовта. Еве како:
ВАНИЛА
Ммм... кој не ја сака? Вкусот на ванила е класика меѓу сладоледите. Ако ја обожавате тогаш сте личност која цврсто стои со нозете на земјата.
Повеќе сакате класичен секс и не обожавате експерименти во креветот. Нежни сте и барате вистинска љубов и речиси никогаш не би прифатиле покана за секс на отворено.
ЧОКОЛАДО
Палетата на чоколадни сладоледи ве мами, без разлика дали се класични, со чоколадни трошки, карамела или мелени оревчиња.
Љубителите на овој вкус се страствени луѓе кои обожаваат да уживаат, како во добриот вкус на храната, така и во сексот. Предани и издржливи љубовници кои сакаат да ги задоволат сите потреби на партнерот.
NotForMen препорака: Сакам чоколадо!
ЛЕШНИК, БАДЕМ, ОРЕВИ
Овие сладоледи потешко се комбинираат со други видови, па затоа ако сте љубител на лешникот тогаш го сакате само него. Така и љубителите на овие вкусови се верни души, а сексот со различни партнери едноставно не е за нив.
Тие се романтичари, фиксирани за актуелниот партнер и неверството не доаѓа предвид. Одлични се за градење семејство со нив.
СТРАЧАТЕЛА
Страчателата е лукава, таа не е ниту ванила, ниту чоколадо. Омилена е бидејќи не мораме да се одлучиме само за еден вид сладолед и добиваме два наеднаш. Консуматорите на овој вкус се многу неодлучни и потребна им е разновидност во креветот. Обожаваат различни секс пози. Кога е љубовта во прашање остануваат верни само ако добијат доволно слободен простор за себе.
ЛИМОН
Освежувачки и кисел вкус, сладоледот од лимон е вистински предизвик. Неговите љубители се вистински сонувачи и кога сексот е во прашање. Имаат широки хоризонти кои често не можат да се остварат.
Неодлучни се во изборот на партнер, но кога ќе ја сретнат вистинската личност се предаваат. Егзотични се и страста со нив ќе ја имате цел живот.
КАФЕ, КАРАМЕЛА И ПУНЧ
Овие вкусови симболизираат предани личности за кои кафето, карамелата и пунчот се сладоледи без конкуренција. Тие се прагматични во се, па дури и во љубовта. Не сакаат експерименти и можат да се налутат ако партнерот предложи нешто ново и невообичаено.
.gif)






















.gif)
























