couple_on_dateПрвиот состанок-совршен!
Обидете се да го прочитате говорот на телото, од тоа можете многу да научите за личноста.
srami16 стоп за време на секс
Не срамете се од голотијата, дури и да мислите дека имате преголем задник.
zoniИзлудете го: Неговите топ 9 ерогени зони– 2дел
Мачкајте ги рацете со лосион и масирајте го по внатрешноста на бедрата со различен интензитет.
trac1_copyЗабрана за лицемерие, себичност и оговарање!
Листата на ваши гревови кон неа останува празен бел лист, па од каде побудата за сета таа трач партија?

Момчето е од друга вера...

razlicen_par

Не треба да нé зачудува фактот што кај нас се зголемува бројот на парови од различни вери, со оглед на  тоа што живееме во мултиетничко општество. Ваквата појава во светот е нормална и речиси прифатена. Но, дали кај нас може ваква врска да опстане? Да се почитуваат разликите и да се живее под лупата на јавноста и злобните коментари?

Во минатото можеби и ќе кажевме дека нема шанси за таква врска да преживее, но денес кога луѓето се европски настроени, често патуваат, се поврзуваат со луѓето во светот... ,тогаш постојат и реални шанси за успех.

Секому може да му се случи да се заљуби во човек од друга раса, вера и националност. Нема потреба да се навраќаме на природната хемија. Колку и да сакаме, не сме во состојба да го контролираме центарот одговорен за привлекување на спротивниот пол. Да, можеме свесно да си забраниме дека нема да имаме ништо со човекот, но во никој случај не можеме да ги запреме чувствата.

Треба да бидете свесни дека влегувањето во таква врска носи голема одговорност и носење тешки одлуки. Секако дека ќе се обидете да се советувате со пријателките и блиските, но сепак одлуката треба да биде ваша. Вие сте таа што е дел од врската, таа што ќе се соочува со непријатните моменти, таа што ќе треба да им објасни на родителите.

Врската помалку или повеќе значи истражување и пронаоѓање карактер сличен на вашиот. Тука се мисли на заедничкиот поглед на свет, заеднички верувања, слична визија за иднината. Некој со кого ќе можете да се споите како на емоционално така и на физичко ниво. А кога зборуваме за заеднички верувања, не мислиме на ист бог, туку на моралните вредности.

Ако чувствувате добри вибрации и длабока конекција, тогаш не треба ништо да ви застане на патот. Сепак, и тука има едно големо но. Ништо од конекцијата ако вие стоите на ставот дека ќе го убедите да ја смени верата. Тука сте се осудиле на пропаст. Ако сакате да бидете со човекот, мора да ги почитувате и да го прифатите заедно со неговите верски определби.

За крај, иако можеби треба да стои на почеток, потребна ви е голема храброст. Бидете упорни да ја истерате работата до крај бидејќи ве очекуваат многу сопки. Влијанието на другите луѓе може непријатно да ве изненади. Среќата може да исчезне за час ако некој реши посериозно да се занимава да ја уништи.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)