narcis1Девојката – див нарцис
Беше силна, независна девојка со челична душа, чие време за љубов допрва доаѓа.
hotПротолкувајте ги вашите секс соништа!
Ако сонувавте дека имате секс со вашиот шеф тоа не значи дека навистина го сакате тоа.
naked_coupggle_in_bedПодајте му рака за мастурбација
Основни техники со кои ќе ја збогатите предиграта и ќе му пружите задоволство.
eattttХраната ги буди страста и задоволството
Изреката дека љубовта доаѓа преку стомакот е и научно  потврдена...

5 совети како да бакнувате на првиот состанок


baknezz_3

Сакале вие или не, тој ќе сака да види како се бакнувате, дали ќе има хемија при бакнежот или нема да почувствува ништо. Всушност, и вие тоа го правите. Колку пати досега сте откачиле момче под изговор дека лошо се бакнува. Добар изговор сте нашле. Бидејќи колку и да знае да ве засмее, колку и да сте свесни дека е супермомче, нема да сакате пак да го повторувате одвратниот бакнеж.

Многу девојки се жалат дека не се бакнуваат толку лошо колку што се плашат да се отпуштат. Ако чувствувате страв и трема пред секој бакнеж, тоа задолжително ќе се одрази на квалитетот. Вие ќе се смрзнете, а тој ќе има впечаток дека се бакнува со столб.

Не бидете под притисок, во спротивно ќе ја пренесете тензијата и на него. Може да се случи и да ги утнете усните. Стресот се пренесува на целото тело, а усните се кочат. Ослободете ги мислите и концентрирајте се само на бакнувањето. За незаборавен бакнеж е потребно да се предадете на моментот и да го слушате говорот на срцето.

Залудно ја барате страста ако ја нема. Треба да ја почувствувате и да ѝ помогнете да излезе длабоко од вас. Ако нема страст, вие ќе стоите здрвени и бакнежот ќе го изведувате механички. Но, ако ѝ се предадете на страста, очите сами ќе се затворат, рацете ќе почнат да го допираат неговиот врат, ќе поминуваат низ неговата коса, срцето забрзано ќе чука, а пеперутките ќе летаат во стомакот.

Многу е важно да не брзате. Ако одите полека, моментот ќе биде незаборавен. Погледнете го в очи и полека приближете му се. Во меѓувреме земете ги неговите дланки во своите раце. Оставете го погледот да говори неколку секунди. Потоа полека доближете ги усните до неговите. Не постојат правила колку брзо да се бакнувате или колку јазик да употребувате. Но, едно правило мора да почитувате! Не бакнувајте секогаш исто! Нема полошо од тоа партнерот да знае што е следно. Изненадувајте го со допири, бакнежи во вратот и лицето, галење по косата, допирање на усните...

Проценете што му се допаѓа. Бавен, брз, влажен, со или без јазик, секој сака поинаку. Почнете на свој начин, но следете ја неговата реакција.  Следете го ако го менува темпото или начинот на бакнувањето. За успешен бакнеж освен што се потребни двајца, потребна е и максимална усогласеност.

Бакнежот мора да има добар крај. Ништо од магијата ако на крај само отсечно прекинете и ја завртите главата. Кога мислите дека бакнежот треба да заврши, забавете. Отворете ги очите, погледнете го и доделете му уште неколку кратки бакнежи на усните и на лицето. Можеби сето ова ви звучеше премногу филмски, но чувството што двајцата ќе го доживеете е необјасниво. Ценете ја моќта на феноменот бакнеж. Бакнежот никогаш не лаже, преку него се разменуваат искрени чувства.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)