
Ова е навистина незгодна ситуација. Кога другарката ќе ве поддржи, работите секогаш излегуваат на добро. И токму кога сакавте да влезете во нешто сериозно, таа ви направи гримаса. Како сега да продолжите понатаму... Фантазиите вие двете заедно со момчињата на одмор падна во вода.
Прво соочување...
Разговарајте со неа. Сигурно ова очекувавте да го слушнете, но има ли нешто подобро од соочување лице в лице? А што добивате да дознавате од други луѓе? Ќе добиете погрешни информации, ќе настане недоразбирање, и на крајот ќе бидете обвинета дека тропате на погрешна врата.
Преку искрен разговор ќе дојдете директно до целта наместо да вртите од околу. Целта на разговорот не е да молите за одобрување или да барате објаснување. Едноставно соопштете дека вам ви се допаѓа, дека е одлично момче и дека немате намера да се откажете од него.
Ако е добра пријателка и сериозно ја сфати вашата изјава, во чест на вашето пријателство ќе се обиде да се согласува со него. Не очекувајте дека ќе станат верни пријатели, за почеток е доволно да се почитуваат. Ова е единствениот начин да комуницирате со двајцата, во спротивно еден ќе си замине од сликата.
Грешите ако ја избегнувате поради тоа што сте убедена дека не го сака вашето момче од причина што е љубоморна. Причината може да биде тоа што го сака најдоброто за вас и сака да ве гледа среќна.
Второ соочување...
Ако и по првиот разговор не чувствувате промена, време е за второ соочување. Натерајте ја да каже кои негови особини ја нервираат. Самото анализирање ќе ја натера да сфати дека можеби претерува со судот.
Натерајте ја да ви каже што вие барате кај маж. Набројувајќи ги карактеристиките на глас, ќе направи селекција колку сте го погодиле изборот. Доаѓањето до заклучокот дека сепак сте дошле до тоа што го сакате ќе ја смири. Така ќе има чувство дека ја завршила обврската да разговара со вас.
.gif)






















.gif)
























