
На почетокот врската беше забавна, секогаш нешто ново и непредвидливо. Откако сте со него заборавивте на зборот досада. Но, како станувавте сé поблиски, вие почнавте од момче да добивате дете.
Се грижите како му оди на работа, дали положил некој испит, дали јадел, уште да се интересирате дали бил во тоалет. Сега сигурно се изнервиравте, нормално тој е виновен, па што сте вие, негов роб?
Е па... грешите. Вината е во вас! Бидејќи тој се прашува за истото. Од кога неговата девојка стана толку напорна како мајка му. Мора да го заборавите мајчинскиот инстинкт и повторно да се вратите на старо, пред да му досадите.
По природа жените се грижат и водат сметка за сé. Особено кога станува збор за некој близок, а во овој случај момчето. ОK е ако му направите чај кога е болен, но не и да му држите лекции да ги фрла валканите чорапи за перење.
Сетете се дека е маж, кој штом знае да заработува, ќе знае да се грижи и за самиот себе. Не дозволувајте да се научи да се потпира на вашите услуги и на тоа постојано да трчате по него. Гледајте го рамноправно за така и тој да ве гледа вас.
Од друга страна ќе се прашате зошто да не се однесувате со него како со дете кога исто како да има 12 години. Да, и вашето оправдување држи вода. Вие едно му зборувате, тој уште да седне на под и да плаче.
Жените порано созреваат и нормално секогаш се пореални за разлика од мажите кои само гледаат да им биде убаво. Затоа, разговарајте со него. Кажете му дека не сакате да бидете паметната што секогаш треба да држи говор по два часа. Посочете му ги грешките и наивното детско однесување.
.gif)






















.gif)
























